• Latest

Од понеделник расчистување на опожарениот терен над велешкото езеро „Младост“

September 26, 2019

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Од понеделник расчистување на опожарениот терен над велешкото езеро „Младост“

September 26, 2019 15:42
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес од понеделник стартува со големата акција за расчистување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“, каде во големиот шумски пожар од 26 август годинава неповратно изгореа 409 хектари, од кои 200 хектари под борова шума.

Љубинка Попова за МИА информира дека есенва мора да бидат исчистени сите опожарени локации, односно исечени сите опожарени дрвја од црн бор на површина од 200 хектари. Таа очекува во акцијата да се приклучат невладините организации, ЈКПДервен“ по налог на Општина Велес, припадниците на АРМ и сите заинтересирани граѓани институции и фирми и граѓани.

Воедно, најави дека планот е есенва на 50 хектари да бидат засадени садници од зимзелени брзорастечки дрвца – чемпрес и туја. Акцијата  за пошумување ќе стартува на 9 ноември, Денот на градот, со масовна вклученост на велешани.

Попова најавува дека вработените на ШС „Бабуна“ ќе ја продолжат акцијата за пошумување цела есен, односно се додека постојат поволни услови и не се засадат придвидените 50 хектари.
-Работата ќе биде макотрпна и долготрајна, но ние не се помируваме со изгубеното и ќе направиме големи напори што поскоро да ја вратиме зелената шума над велешко езеро „Младост“ која дброволно ја засадија велешани пред 50-тина години. Со цел сето тоа што поскоро да се реализира ги повикуваме да ни се приклучат сите невладини организации, ученици, граѓани фирми и институции. Голема подршка веќе  имаме од Опшина Велес и ЈКП „Дервен“, како и припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон, кои учествуваат во сите масовни акции за пошумување во околината на Велес, рече Попова.

Инаку, првичното расчистување на опожарените површини се изведе во понеделникот на 23 септември, кога по налог на Општина Велес, вработени од ЈКП „Дервен“ над велешкото езеро „Младост“ расчистија мал дел од опожарена површина над летниковците наспроти бродот „Панини“, а во акцијата за расчистување беа вклучени и припадници на Армијата од велешкиот гарнизон.

Тогаш симбилично беа засадени 30 дрвца брзорастечки јапонски кедер. Симбилично прв дрвце засади претседателот Стево Пендаровски, кој даде поддршка за старт на големата акцијата за пошумување на површините над велешкото езеро „Младост“.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ