• Latest

Малата Холандија втор извозник на храна во светот!

September 27, 2019

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Малата Холандија втор извозник на храна во светот!

September 27, 2019 12:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Во поглед на производството и извозот на земјоделски производи Холандија е светска велесила! Таа е втор, по САД, извозник на земјоделски производи во светот. Пред околу три години, холандската министерка за земјоделство информира дека Холандија извезла земјоделски производи во вредност од 79 милијарди евра! Познато е дека по обемот на прометот, храната е на прво место! Најголем светски извозник на храна се САД, меѓутоа, треба да се има предвид дека Америка има 270 пати поголема површина и околу 140 пати побројно население од Холандија. Во споредба со нашата земја Холандија има 1,7 пати поголема површина и околу 8 пати побројно население. Со 484 жители на 1 км2, Холандија спаѓа меѓу земјите кои се пренаселени. Само Бангладеш, Ј. Кореја и Тајван имаат побројно и погусто население од Холандија.

Благодарејќи на користењето на нови технологии и врвни агротехнички и агрохемиски достигнувања во земјоделството, Холандија  е  генератор на напредокот на земјоделството во светот. Посебна улога во извршувењето на оваа мисија има Земјоделскиот универзитет во Вагенинген на кој студираат голем број студенти од сите континенти. Околу 45% од дипломираните студенти и 2/3 од сите кандидати за доктори на наука се регрутираат од странство, од стотини  нации. Меѓу студентите од Азија има најмногу Кинези и Индонезијци. Студенти кои студирале на  Универзитетот во Вагенинген се наоѓаат на челни места во министерствата за земјоделство во Африка, Азија и Латинска Америка.

Научните достигнувања, придонесуваат потрошувачката на вода во земјоделството на Холандија да се намали за 90%, намалена е употребата на пестициди, безмалку исфрлена е употребата на хемиските пестициди на растенија во стаклениците, во стаклениците се користи вештачо осветление, фармите се климатизирани, употребата на антибиотици во живинарството е намалена за 60%, со дронови се надгледуваат  плантажите за компир, состојбите со количините на хемикалиите, водата, состојките во почвата, развојот на посевите. итн. Атмосферската вода е  единствен извор за наводнување во Холандија.

Благодарејќи на научните достигнувања и употребата на модерна технологија, Холандија остварува фантастични резултати во производството и во извозот на земјоделски производи. Таа е светски лидер во извозот на домати и еден од најголемите извозници на компир, кромид, зеленчук и цвеќе. Повеќе од 1/3 од трговијата со семиња во светот потекнува од Холандија. .

Имајќи предвид дека меѓу нашата земја и Холандија постојат мошне добри и пријателски односи зачудува тоа што соработката во земјоделството е далеку под можностите и интересите на двете земји. Нашата земја може многу  да научи од аграрниите искуства на Холандија  и тоа како во производството, така и во извозот на земјоделски производи. Холандија е земја со најсовремена организација за извоз не само на свои земјоделски производи, туку и на земјоделски производи од други земји. Во еден напис објавен пред околу две години напишав дека, благодарејќи на перфектната оргнизација за пласман на цвеќе, Холанаѓните купуваат цвеќе во САД и истото го дистрибуираат во Америка и во многу други земји. Холанѓаните учествуваат во производството на цвеќе и во нашата држава и за тоа ги користат термалните води во Истибања, а цевеќето го продаваат на македонскиот пазар и на пазарите на други земји. Во Холндија студира голем број студенти од нашата држава, меѓутоа, тие студираат воглавно општествени науки, но, за жал, не и на светски познатиот Земјоделски универзитет во Ваганинген!?

Зачудува тоа што нашите аграрни министри не покажуваат интерес за проучување на искуствата на Холандија во аграрот. Најголеми проблеми во македонското земјоделството се еколошките стандарди и пласманот на земјоделските производи. Бостанот необран скапува на нивите, јаболкото скапува во магацините и се фрла во ендеците или во Преспанско Езеро, а политичарите не знаат како да го решат проблемот со пласманот на земјоделските производи! Македонските политичари целосно се преокупирани со привлекувење на странски инвестиции, а го игнорираат земјоделството кое, може да биде мошне профитабилна стопанска област. Само пренаселените земји знаат колку е важна земјишната површина.

Во времето на социјализмот, политиката, науката и образованието ширеа фама дека Македонија е мошне богата со минерални и енергетски ресурси и на таа основа беше дефинирана целосно погрешна економска стратегија, која, поради идеолошки консидерации, го маргинализираше земјоделството! Нашата држава спаѓа меѓу земјите кои се релативно ретко населени, која располага со големи необработени површини, која има релативно добра клима за производство на разни земјоделски производи, но, има релативно мала атмосферска вода која, за жал, минимлно се користи, а  неискористените води истекуваат во Егејско и Јадранско море!

Ја користам оваа пригода да сугерирам Владата на РСМ да додели стипендии на 4-5 талентирани ученици кои би студирале на Земјоделскиот универзитет во Вагенинген, а може да се обрати до Владата на Холандија со молба таа да им додели стипендии на нашите студенти. Имајќи го предвид огрмното искуство на Холандија со пласманот на земјоделски производи добро би било холандската влада да се замоли  да прати неколку експерти кои би помогнле околу производството и организацијата на извозот на земјоделски производи од нашата земја.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ