• Latest
Фото: МЕТА.мк

НБ: Економската активност со натамошен раст, подобрувања во индустријата, трговијата и градежништвото

October 9, 2019

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

НБ: Економската активност со натамошен раст, подобрувања во индустријата, трговијата и градежништвото

October 9, 2019 13:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МЕТА.мк

Фото: МЕТА.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Економијата и во периодот јули-август покажува натамошен раст, со поповолни поместувања во индустријата, трговијата и градежништвото, во однос на претходното тримесечје, заклучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на редовна седница, која  оцени дека монетарната поставеност е соодветна и оти каматната стапка на благајничките записи се задржува на ниво од 2,25 отсто.

Како што наведуваат во денешното соопштение, остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите девет месеци од годинава изнесува еден отсто при што растот на цените е помал од очекуваниот, а ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 1,5 отсто засега се оценуваат како претежно надолни.

Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со втората декада на септември упатуваат на можност за остварување малку повисоки нето-приливи од приватни трансфери во однос на проектираните за третиот квартал.  Девизните резерви на крајот на септември се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Депозитите и кредитите, според првичните податоци за септември, покажуваат натамошен раст на годишна основа и согласно априлските проекции. Ликвидноста на банките е зголемена главно како резултат на интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Народната банка, како што наведуваат, во септември откупила 124,7 милиони евра, во услови кога банките трет месец по ред остваруваат нето-откуп на девизи во трансакциите со нивните клиенти. Појаснуваат дека високиот месечен износ врз основа на интервенции во еден дел е остварен во услови на зголемена нето-понуда на девизи од нерезиденти. Покрај овие движења, за високиот месечен износ на интервенции на Народната банка придонесе и активниот пристап на управување со девизната ликвидност од страна на банките, со оглед на негативните приноси на меѓународните финансиски пазари. Откупот на девизниот пазар е продолжен и на почетокот на октомври, при што збирно од почеток на годината заклучно со 7 октомври, Народната банка има откупено 366,45 милиони евра.

Во услови на висока денарска ликвидност во банкарскиот систем, од Народната банка посочуваат дека банките имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити и оти тие и натаму го насочуваат вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ