„Информациите поврзани со мене не се точни. Ова прашање сега не е предмет на дискусија, туку најверојатно ќе биде отворено на крај на декември и тогаш ќе се донесе одлука“, изјави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во изјава за Фокус на прашањето колку се точни инофмрациите дека е сериозен кандидат за премиер во техкничка влада, како резултат на закажаните избори за 12 април.
Според претходните информации, премиерот Зоран Заев размислувал и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и за Радмила Шекеринска, актуелната министерка за одбрана.












