• Latest

Прв состанок на работната група за изработка на Концепцијата за инклузивно образование

October 22, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прв состанок на работната група за изработка на Концепцијата за инклузивно образование

October 22, 2019 13:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група што треба да ја изработи Концепцијата за инклузивно образование, која произлезе од новиот Закон за основно образование, денеска ја одржа првата работна средба. На неа присуствуваа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставничката на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани, кои ја потенцираа важноста на инклузијата, јавува МИА.

Концепцијата треба да биде упатство за сите фази од спроведувањето на инклузивното образование во државава и да одговори на сите нејаснотии за кои ќе се дискутира.

Законот за основно образование кој Собранието го изгласа во јули предвидува учениците со посебни потреби да се вклучат во редовното образование и од учебната 2022-2023 година посебните училишта повеќе да не запишуваат ученици. Тие  ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри, кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

„Мислам дека направивме храбар чекор напред со донесување на Законот за основно образование, кој сега мора да се имплементира доследно и затоа е оваа работилница. Треба да развиеме концепција за инклузивно образование со која буквално секое дете ќе има придобивка од законското решение“, изјави министерот Адеми пред почетокот на средбата на работната група.

 

Претставничката на УНИЦЕФ, Ди Џовани истакна дека се работи за исклучително важен сегмент, треба да почне да се применува донесениот закон кој, како што рече, е пресвртница во историјата на нашата земја.

„Она што сега треба да се направи е да се увериме дека секое дете ќе може да има корист од овој новодонесен закон. Ги охрабрувам сите учесници да размислуваат на кој начин сите деца во Северна Македонија ќе може да имаат бенефит од реализацијата на овој закон“, додаде претставничката на УНИЦЕФ.

На работната средба учествуваа претставници на МОН и Бирото за развој на образованието, од факултетите за наставници, вклучително и од институтите за педагогија, психологија, специјална едукација и рехабилитација, претставници од НВО-секторот, наставници од редовните училишта, директори на специјални училишта, како и родители на деца со посебни потреби.

Образовните експерти се согласуваат дека по оваа крупна новина имале реакции и сомнежи дека тоа може да профункционира, но велат дека инклузијата никогаш нема да се случи ако некогаш не се почне да се работи на тоа прашање.

Тие нагласуваат дека е важно сите страни да се вклучат во доаѓањето до целта – секое дете да има квалитетно образование, посочувајќи дека инклузијата не се однесува само на деца со пречки во развојот, туку за сите деца кои во текот на школувањето наишле на каков било проблем.

 

Законот предвидува Концепцијата за инклузивно образование да биде изработена за шест месеци, така што работната група ќе има состаноци во наредните месеци, под водство на Бирото за развој на образованието.

Ќе се користат и позитивни меѓународни искуства што ќе бидат приспособени на потребите на нашето општество. На денешниот прв состанок на работната група учествуваа двајца странски експерти за образование – Филомена Периера од Португалија и Љиљана Симиќ од Србија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ