• Latest

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

October 22, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собраниска расправа за нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

October 22, 2019 14:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нов закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата или „стечајци“ кој треба да овозможи право на надомест од државата да остварат уште околу 1.000 стечајни работници, разгледуваа денеска пратениците на пленарна седница, пренесува МИА.

Овие граѓани аплицирале за остварување на правото по основ на законите кои за таа намена беа претходно донесени, но, не го добиле, бидејќи иако ги исполнувале сите други услови, не го исполнувале условот при приватизацијата на претпријатието од кое тие произлегле тоа да не го променило матичниот број.

Со новиот закон, кој беше усвоен во прво читање, се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, во периодот  од 1 јануари 1993 до 30 јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата. Материјално ќе се обезбедат лицата кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од 52 години за жена, односно 55 години за маж, како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.

„Законските решенија предвидуваа, лицето да не е вработено, работниот однос да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, во претпријатие со доминантна сопственост на државата, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост  и при приватизацијата да не дошло  до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС). Покрај тоа, се предвидуваше, по  престанокот на работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, невработеното лице да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година. Анализата за  имплементација на законите, покажа дека голем број на невработени лица ги исполнуваат сите услови, освен условот за непроменет матичен број на субјектот (ЕМБС) по приватизацијата, иако претпријатието со променет матичен број произлегло од претпријатието кое било во доминантна државна сопственост“, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Кај одделен број невработени лица, датумот на престанокот е пред 1 јануари 1995 година и по 31 декември 2018 година и од тие причини не го оствариле правото на паричен надоместок по престанок на работниот однос.

Со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на правата и истите материјално да се обезбедат, се наметна потребата од донесување на законот. Со предвидените променети услови, а согласно  со анализата на поднесените барања до Агенцијата за вработување со новиот закон, право на материјално обезбедување би оствариле најмалку 1.000 невработени.

Пратениците се согласни дека ваков закон е потребен, со цел да се реши проблемот на преостанатите граѓани кои не го оствариле правото на надомест согласно со преходните законски решенија. Тие побараа да се продолжи рокот за аплицирање кој со предлогот изнесува 30 дена, со цел, како што рекоа, сите да можат да достават барања. Надоместокот кој ќе го добиваат изнесува 34 отсто од просечна плата во државата.

Дел од пратениците побараа во второ читање да се дополни предлогот и со него да се најде решение и за оние граѓани кои не можат да го остварат ова право бидејќи иако работеле во овие претпријатија, не им биле плаќани придонеси.

На комисиската расправа што се одржа минатата недела беше речено дека со претходните две законски решенија право на надомест оствариле околу 10.000 граѓани. Со претходниот закон пак, донесен во време на поранешната власт такво право оствариле 4.700 граѓани.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ