• Latest

Предложени 17 амандмани за Резолуцијата на ЕП за Северна Македонија и Албанија

October 24, 2019
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предложени 17 амандмани за Резолуцијата на ЕП за Северна Македонија и Албанија

October 24, 2019 10:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За заедничката резолуција на Европскиот парламент за која ќе се гласа напладне, се предложени вкупно 17 амандмани. Со резолуцијата се повикуваат земјите-членки да покажат одговорност кон Северна Македонија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, јавува дописникот на МИА.

Во предложените амандмани од страна на Обновена Европа се бара во параграфот 1 да се избрише тоа дека Северна Македонија и Албанија беа блокирани од Франција, Данска и Холандија.

Понатаму групата Обновена Европа – во која членува партијата на Емануел Макрон, бара во резолуцијата да се додаде дека „еден од аргументите во прилог на одложувањето се фокусирал на потребата за ревидирање на тековниот формат на преговорите за пристапување. Смета дека таков преглед, кој вклучува научени лекции од претходните проширувања, треба да го преземе идната Европка Комисија, заедно со законодавната работа за новиот финансиски инструмент за претпристапување (ИПА III), со амбициозна агенда за подготвеност од страна на Европскиот совет од мај 2020 година во Загреб.

Истите предлагачи доставија и амандман со кој се дообјаснува позицијата на францускиот претседател односно „дека амбициозна, кредибилна и задоволителна политика за проширување за сите страни бара процес на длабински институционални реформи на Европската унија“, забележува дека претстојната конференција за иднината на Европа ќе биде од најголемо значење за да го отвори патот за вакви реформи, а кредибилитетот на Унијата како целина и во процесот на проширување бара брзо воспоставување јасна програма за внатрешни реформи.

Европратениците Ларс Патрик Берг, Гидо Реил и Јорг Меутхе, пак, бара да се замени длабокото жалење за незапочнувањето на преговорите со „поздравување одлуката на Европскиот совет од 17 октомври 2019 година за одложување на започнувањето на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија; нагласувајќи дека одбивањето на Европскиот совет да даде зелено светло за започнување на пристапните преговори, ја рефлектира загриженоста на одделните земји-членки во однос на безбедноста и благосостојбата на нивните граѓани и разумната употреба на нивните системи за социјална заштита.“

Истите европратеници се на спротивно мислење од мнозинството и со амандман бараат да се внесе во резолуцијата дека се „жали што реформите во правосудството кои имаат за цел зајакнување на независноста, одговорноста и професионалноста на судството постигнаа мал напредок“. Тие  забележуваат „со загриженост дека имало мало подобрување во борбата против корупцијата и организираниот криминал; дека корупцијата на високо ниво и сериозните недостатоци во владеењето на правото продолжуваат да ги обесхрабруваат инвестициите во Албанија и Северна Македонија и  го отежнуваат нивниот развој“.

Понатаму тие ја повикуваат новата Комисија да учи од грешките направени во претходните политики; во овој поглед се потсетува дека пристапувањето на Романија и Бугарија довело не само до одлив на мозоци, туку и до силен прилив на сиромашни мигранти во побогатите земји во Западна и Северна Европа и потенцираат дека ова создало многу социјални проблеми во многу градови и земји.

Со уште еден амандман тие нагласуваат дека апсорпциониот капацитет на ЕУ и одобрувањето на граѓаните на земјите-членки треба да биде пресуден критериум во процесот на проширување на Унијата.

Од друга страна Ката Пири и Тони Пицула од групата на Социјалистите и демократите бараат во резолуцијата да се вметне фактот дека „со оглед на тоа што историските договори склучени со Северна Македонија претставуваат значаен дипломатски напор и политички успех; дека тие претставуваат симбол на стабилност и помирување низ целиот регион на Западен Балкан; со оглед на тоа што овие договори го подобрија и духот на добрососедските односи и регионалната соработка и го отворија патот за европска интеграција на таа земја“.

Грчките европратеници од Сириза бараат исто така да се вметне во резолуцијата дека „историскиот Договор од  Преспа со Грција, го реши долгогодишен спор и обезбеди регионална соработка и добрососедски односи во регионот“.

Тие исто така изразуваат длабоко разочарување од неможноста на Унијата да се согласи за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, заради блокирањето на Франција, Данска и Холандија, забележувајќи дека оваа одлука го покажува недостаток на визија на Унијата и кризата со којашто таа се соочува.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ