• Latest

Великани и џуџиња

October 24, 2019
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Великани и џуџиња

Се вели дека еден великан од историјата си го загубил новчаникот на пазар и луѓето веднаш поитале да го тешат колнејќи го крадецот и посакувајќи му жив да не ја дочека ноќта. Тоа го говореле бидејќи сакале да го одоброволат великанот, но, тој едноставно ја занемарил загубата со зборовите: „Боже, ако тоа го сторил затоа што сакал, стори со тие пари да отпочне работа која ќе го отргне од крадењето, ако пак тоа го сторил затоа што бил гладен, стори тоа да му биде последната глад во неговиот живот“! Таков е моралот на великаните.

October 24, 2019 14:39
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ХУСЕИН АДЕМИ

Во екот на овие страотни вртлози на секојдневни преврати внатре во македонската политичка арена кадешто секакви манијаци, глупандери, измамници и немилосрдни грабливци секојдевно ни подготвуваат театар со боливудско сценарио, ние обичните смртници постојано остануваме изненадени со ширум затворена уста неможејќи да ги искоментираме сите тие случки кои се одигруваат со вртоглава брзина!

Можеби сме некако интелектуално оштетени па никако да фатиме чекор со сите тие подвали и итроштини или едноставно сме станале духовни просјаци загубени во просторот наречен слободна купопродажба на сопствениот интегритет, авторитет и достоинство кои секојдневно се изложени за продавање! Важно е само кој ќе понуди повеќе, а богами овие нашиве политичари, македонско-албански и политичарите од останатите етникуми, се навистина вешти и искусни купувачи.

Така одредена професија која треба да ја претставува националната свест за доброто на сите, професијата новинар, одеднаш кај некои одредени матни личности, се модифицира во оружје за масовно уништување на заедницата, се со цел лично богатење и профит, газејќи по достоинството на луѓето кои не се дел од јавниот живот на оваа земја. Поради тоа кај нас секојдневно се случуваат ситуации во кои „гинат“ стотици илјадници граѓани, жртви на егоизмот на овдешниот политички Др. Џекил и Мр. Хајд којшто однапред ја одредува судбината на обичниот граѓанин т.е. тој сиромашкиот смртник да живее недоистоинствено, а да умре потполно омаловажено.

Ова што ни го направи францускиот претседател, свака му част, е причина повеќе една дузина на “говорници“ на правдината, кои само дрдорат за некакви предавници и клетници со нивната мимикрија сега да станат и сеобожувани личности на кои “клетата“ албанска популација од западниот дел од земјата едвај чека да им го даде својот глас! Така барем тие си веруваат додека нивните апологети од базен не дуваат со кубански пури. Дали тоа го прават со цел повторно враќање на бившиот режим за да им биде поубаво? Драги мои, кога граѓанинот страда, не е важно која политичка опција владее со нас, кога конечно во сите вас политичари ќе проработи хуманизмот и грижата за обичниот граѓанин?

Во оваа наша земја конечно треба да ни стане јасно дека луѓето се делат на великани и џуџиња. Великани се тие што до крај остануваат приврзани кон своите позитивни принципи од општествена важност истрајни во својот морал и етика дека правдината мора да доминира над сите деструктивни елементи кои од заедницата прават обично ругло и бувло на паразити и мршојадци. Се вели дека еден великан од историјата си го загубил новчаникот на пазар и луѓето веднаш поитале да го тешат колнејќи го крадецот и посакувајќи му жив да не ја дочека ноќта. Тоа го говореле бидејќи сакале да го одоброволат великанот, но, тој едноставно ја занемарил загубата со зборовите: „Боже, ако тоа го сторил затоа што сакал, стори со тие пари да отпочне работа која ќе го отргне од крадењето, ако пак тоа го сторил затоа што бил гладен, стори тоа да му биде последната глад во неговиот живот“! Таков е моралот на великаните.

Од друга пак страна, џуџињата секогаш итаат да се нахранат со трошките од масата, бидејќи поради нивниот раст не можат да досегнат до вистинската висина на масата кадешто ќе бидат видени како еднакви гости на гозбата на која ќе изберат што ќе јадат и како да се хранат делејќи со другите, но не, тие поради својот раст никогаш нема да го достигнат нивото на великаните, бидејќи тие на нештата секогаш гледаат од својата ниска перспектива. Дури и да се обидат малку да скокнат од земја за да погледнат во светот на повисокиот тоа нема да им успее, бидејќи глупавата егоистичка гравитација ги држи цврсто залепени за земјата. И потоа некој пак ќе каже дека политиката немала анален отвор! Абе ајде!


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ