• Latest

МТСП: 421 лице добива неповратни средства за самовработување

October 24, 2019

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП: 421 лице добива неповратни средства за самовработување

October 24, 2019 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија Нарине Сахакјан денеска во Тетово се сретнаа со невработени лица коишто се селектирани за користење на неповратни средства од програмата за Самовработување.

Од вкупно 421 дополнително селектирано лице за кои се обезбедија средства од ребалансот на годинешниот буџет најголем број, односно 81 се од Тетово. Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.

Министерката Царовска истакна дека самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, или ако се двајца содружници до 10.000 евра.

 „Навистина ми е драго што меѓу вас има многу млади луѓе коишто имаат идеја за бизнис. Верувам дека вашите бизниси ќе станат одржливи и ќе растат со што ќе имате потреба од нови вработувања. Оваа година навистина бележиме огромен интерес за програмата Самовработување, и затоа Владата водејќи се пред се од интересот на невработените лица да се активираат на пазарот на трудот, одвои рекордни скоро 8 милиони евра како поддршка на поголем број идни претприемачи од првично предвидените средства“, изјави Царовска.

 Во последните 3 години средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година.

 Постојаната претставничка на УНДП Сахакјан го истакна задоволството од многу годишното успешно партнерство со Владата и другите национални партнери при имплементацијата на Програмата за самовработување.

 „Поради огромниот интерес за мерката што постојано расте, навистина можеме да кажеме дека самовработување е бренд програма на секој Оперативен план. Посебно ни е драго што младите стануваат движечка сила на оваа мерка со своите нови и иновативни бизнис идеи кои во иднина ќе генерираат и нови работни места“, рече Сахакјан.

 Директорката на АВРСМ, Билјана Јовановска, потенцираше дека освен самовработување отворени се и други активни мерки од Оперативниот план за 2019 и тоа за ИТ обуките и за субвенционирање на платите.

 „На ниво на цела држава за годинава предвидено е потпишување на вкупно 1.484 договори за самовработување. Од нив вкупно 557 лица, односно 38% се млади лица, до 29 години, а 518, односно 35% се жени“, рече Јовановска.

 Во последните неколку години околу 15 % од вкупно регистрираните приватни бизниси во државата потпаѓаат под Програмата самовработување. Од 2007 година се формирани над 30.000 бизниси со самовработување од кои 65 % се уште се активни.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ