• Latest

Во Женева средба на Заев и Димитров со Дендиас

November 8, 2019

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Женева средба на Заев и Димитров со Дендиас

November 8, 2019 09:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на Светскиот економски форум во Женева денеска премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ќе се сретнат со шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас.

За средба со Заев и Димитров, говореше Дендиас во вчерашното интервју за грчкото радио „Тема фм“, но и портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на редовниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија рече дека Европската унија „создаде јаз во политиката и кон Северна Македонија и кон Албанија, двете земји ги остави на „чекање“, коментирајќи дека „чекањето“ не е политика и не е воопшто ни позиција.

Дендиас, во интервјуто за грчкото радио објасни дека средбата со Заев и Димитров ќе ја искористи да се информира и да ги слушне нивните позиции, паралелно истакна дека Грција разговара и со Италија и со Германија, бидејќи ЕУ перспективата на земјите од регионот , за Атина, е директно прашање, но посочува дека е потребна внимателност.

„Ние сме многу внимателни затоа што не сакаме неуспеси. Знаете, да поставиш една тема на еден совет, ја поставуваш во кој момент сакаш, никој не те спречува. Прашањето е што ќе се случи. Затоа што ако се повтори „не“, тоа не те враќа назад во почетната точка на дискусијата. тоа те враќа многу порано и во многу полоша точка. Затоа, сакам да разговарам со двајцата, да видам како им изгледа ситуацијата, што прават, каква е внатрешната состојба, да ме известат“, вели Дендиас во однос на средбата со Заев и Димитров.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека разговорите ќе се фокусираат на Договорот од Преспа и спроведувањето на реформите.

„Разговорите ќе се фокусираат, прво, на тоа како ќе се продолжи со реформите и како Грција ќе го поддржи спроведувањето на овие реформи, како што прави до денес. Во однос на Договорот од Преспа, позициите се познати, треба да има правилно и без отстапки придржување кон договорот“, рече Гениматас.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали Грција има за цел да преземе иницијатива за ЕУ перспективата на Северна Македонија и Албанија, портпаролот на грчкото МНР, исто како и Дендиас, рече дека потребно е да се разгледа ситуацијата, да се создадат поволни и соодветни услови и било кои чекори што би се презеле да бидат внимателни.

„Не можеме да очекуваме дека веќе од утре ќе се сменат декларираните позиции на значајни земји од Европската унија. Она што треба да го направиме е да работиме за да се постигнат оние услови што ќе дозволат за релативно брз временски период да се дојде до некаков напредок во посакуваната насока“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција.

Спроведувањето на Договорот од Преспа беше една од темите и во интервјуто на Дендиас за „Тема фм“, но и на брифингот на портпаролот на грчкото МНР.

Шефот на грчката дипломатија рече дека потребно е правилно спроведување, објаснува дека ниту една од страните не може во рамките на меѓународното право да помисли да говори за невалидност на договорот, доде дека секоја земја како што има минато, сегашност и иднина има и континуитет и мора да ги почитува договорите.

За евентуална промена на власта кај нас, Дендиас како пример спомена дека и во Грција се смени владата, а актуелната нема „апсолутно поклопување со позицијата на претходната влада за договорот“, па и покрај тоа го почитува.

Паралелно објасни дека не постои можност за промена на името од Северна Македонија во Македонија.

„Ставот на грчката влада е јасен, воопшто не постои никаква можност, баш никаква, да стане збор за промена на името на Северна Македонија. Било што друго што ќе го тврди, било кој од соседната земји, мислам дека е лукаво и не е ни прифатливо како основа за дискусија“, рече шефот на грчката дипломатија.

На брифингот со новинарите, за Договорот од Преспа и неговото спроведување, портпаролот на грчкото МНР рече дека Атина тесно следи дали другата страна ги исполнува обврските, а во Министерството за надворешни работи на Грција е формирана task force за следење.

За двете комисии што произлегуваат од договорот, за учебниците и за трговските ознаки и до каде е нивната работа, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, Гениматас објасни дека се очекува наскоро да се одреди нова средба за комисијата за учебниците, а за ознаките, го повтори ставот дека грчката влада има намера да ги поддржи “трговските имиња од вистинската, автентичната Македонија и на светско ниво да ја добие комуникациската игра”.

За комисијата за учебниците рече дека ќе има и нов состав, но објасни дека тоа не значи дека ќе почнат од почеток, туку ќе продолжат онаму каде што застана претходната по одржаните четири средби.

„Министерството за надворешни работи на Грција од вчера одново воведува редовен брифинг со грчките новинари и странски дописници кои следат надворешна политика, а на вчерашната прва средба, на претставниците на медиумите им се обрати и шефот на грчката дипломатија“, Никос Дендиас./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ