• Latest

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025 16:08
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Долниот дом на Парламентот во Лондон во вторник се одржа настан на високо ниво за лансирање на Вестминистерскиот сојуз за Украина — смела иницијатива насочена кон зајакнување на суверенитетот на Украина и унапредување на демократското единство како одговор на руската агресија, кој означува клучен момент за европската солдарност и стратешка соработка.

Овој значаен собир под наслов „Кон ефективна европска одбранбена стратегија за Украина: Претворање на Коалицијата на подготвените во реалност“, со ексклузивна медиумска поддршка од ЦИВИЛ, вклучи моќен состав од европски носители на одлуки, дипломати, новинари и лидери на граѓанското општество.

Програмата се фокусира на четири итни стратешки приоритети:

  • Формирање на Европска банка за одбрана и интегрирани системи за набавка
  • Стратегии за спротивставување на дезинформациите и хибридното војување
  • Зајакнување на демократската отпорност низ целиот континент
  • Градење на европски мировни сили и суверена одбранбена способност

Одржана под чадорот на Глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, Вестминистерскиот сојуз за Украина има за цел да поттикне прекугранична соработка, да ја засили поддршката за Украина и да обликува координирани демократски одговори на безбедносните закани низ Европа.

Настанот собра истакната група на учесници од политиката, граѓанското општество и медиумите. Меѓу клучните учесници се истакнати европски личности од политиката, граѓанското општество и медиумите.

Модератор на оваа средба на високо ниво беше Роџер Касале, поранешен пратеник во парламентот на Обединетото Кралство и основач на „Нови Европејци“ и координатор на иницијативата. Нему му се придружи Алекс Собел, пратеник и специјален пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Украина, кој, исто така, претседава со сепартиската парламентарна група за Украина. Лорд Џејмс Арбутнот, поранешен министер за одбрана на Обединетото Кралство и сегашен виш соработник во РУСИ, донесе витална перспектива за европската одбранбена стратегија. Од Франција учествуваше Жан-Ив Леконт, поранешен сенатор кој ги претставува француските граѓани во странство, придонесува со длабоко искуство во дипломатијата на дијаспората и европската соработка.

Граѓанското општество и медиумите беа претставени од страна на Др. Волфганг Ресман, претседател на „Youth4Media“ и „Media Dialogue“ и Мика Бојстер, Претседател на Германското здружение на новинари. Италија, исто така, беше претставена од експерти од „Centro Studi Internazionali“, вклучувајќи го и Франческо Гаудиози, потпретседател и извршен директор, придонесувајќи со експертиза во меѓународното право и глобалното управување. Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ  – Центар за слобода и коосновач на Глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, учествуваше во овој значаен настан во својство на ко-модератор.

Гласовите на Украина беа во средиштето на дискусиите, вклучувајќи го и украинскиот пратеник Олех Дунда како и новинари од првата линија кои продолжуваат да ја бранат вистината и демократските вредности под огромен притисок. Тоа е само еден дел од учесниците на високо посветени личности на обликување на обединет европски одговор на авторитаризмот и руската агресија.

Овој собир го означува почетокот на долгорочен напор за зајакнување на демократските институции, борба против дезинформаиите и одржување на европската поддршка за Украина.

Глобалната иницијатива Одбрана на демократијата е формирана од германските организации Медиа дијалог и Млади за медиуми, меѓународната организација Нов европски граѓански форум и ЦИВИЛ – Центар за слобода, во декември минатата година, по одржувањето на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ во Скопје, со поддршка на владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Д. Мишев


Повеќе:

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ