• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025 14:27
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на албанскиот премиер Еди Рама, кој од изборите што се одржаа на 11 мај, излезе со 83 мандати.

Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации, по 15 неуспешен обид за конституирање на собранието, а претходно се сретна со шефот на канцеларијата на ЕУ, Аиво Орав, на разговор за политичката криза во Косово.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел- Претседателот на  Европскиот совет му честита на Рама за победата: Импресивно! Едвај чекам утре лично да ви честитам

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, му честиташе на Еди Рама за силниот резултат на парламентарните избори на 11 мај, пренесе Топ  чанел.

Преку објава на социјалната мрежа „X“ (порано Твитер), Кошта му упати срдечни честитки на Рама, опишувајќи го резултатот како импресивен.

„Најтопли честитки, драг Еди Рама, за овие импресивни изборни резултати. Едвај чекам да ви честитам лично утре во Тирана“, напиша Антонио Кошта.

Неговата посета на главниот град на Албанија се очекува да се одржи во рамките на Самитот на Европската политичка заедница, што ќе се одржи овој петок во Тирана, каде што ќе учествуваат бројни европски лидери.

На Рама му честиташе и Урсула фон дер Лејен, Виктор Орбан, и други европски политички лидери.

Опинион: Социјалистите водат со 83 мандати, Демократите имаат 50

Процесот на броење на гласовите за гласање на територијата на Албанија е завршен низ целата земја, додека броењето на гласовите од дијаспората, како и гласовите за кандидатите, продолжува.

Според прелиминарните податоци на ЦИК, 1.458.251 лице, или 42,21%, гласале на домашните избори на 11 мај.

Според досегашните резултати, СП води со 83 мандати, додека Демократската партија има 50. Останатите мандати се поделени меѓу четири други партии, а третата најсилна сила досега е Социјалдемократската партија со 3 мандати, пренесе Опинион.

Партијата на можности обезбедува два мандата. Исто така, Движењето Заедно и иницијативата „Албанија е создадена“ досега обезбедија мандат.

КОСОВО

ТВ 21: Османи на средба со шефот на канцеларијата на ЕУ, Аиво Орав, во пресрет на средбата со политичките лидери во Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес го прими шефот на канцеларијата на Европската Унија во Косово, Аиво Орав, со кого разговараше за актуелната политичка состојба во земјата, пренесе ТВ 21.

Османи го информираше амбасадорот Орав за консултативната средба со лидерите на политичките партии, закажана за четврток.

За време на состанокот, беа разгледани и важните посети на високи лидери на Европската Унија на Косово, вклучувајќи ја и денешната посета на претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста, како силен сигнал за поддршката на ЕУ за европската интеграција на Косово.

Бота сот: Кошта на посета во Косово

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе го посети Косово, пренесува Бота сот.

Во дневниот ред објавен од ЕК е наведено дека високиот европски функционер ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи, со која ќе одржи и прес-конференција со почеток во 16:40 часот.

Два часа подоцна, почнувајќи од 18:40 часот, се очекува тој да се сретне со вршителот на должноста премиер, Албин Курти.

КОЛУМНА

Коха: Табела за претседателот Кошта: Кој е партнер на ЕУ?

„Фактичкиот наод, во извршното резиме што ќе му биде доставено на претседателот Коста од оваа табела, би бил следниот:

„Косово се смета за посветен партнер за интеграција во ЕУ, со целосно усогласување на надворешната политика и релативно плуралистичка средина за медиумите и граѓанското општество. Сепак, предизвиците продолжуваат во спроведувањето на правата на заедниците и зајакнувањето на независноста на судството.“

Србија се соочува со демократска регресија, сериозни проблеми со слободата на медиумите и дестабилизирачко влијание во регионот. „Слабата усогласеност со надворешната политика на ЕУ и рестриктивните законски иницијативи го доведуваат во прашање нејзиниот кредибилитет како кандидат за членство.“

Проблемот, секако, ќе биде во преведувањето на фактичкиот јазик во јазик на политиката на ЕУ. Тука лежи предизвикот за новиот состав на раководството во Брисел. Ако Косово, во сопствените анализи на Комисијата, е посветена земја-партнер на ЕУ, додека Србија е земја која сè повеќе се оддалечува од европските патеки, овој контраст повеќе не е само статистика. Овој контраст го поставува фундаменталното прашање за политиките на ЕУ: како е можно земја што се однесува како сојузник, како Косово, да остане надвор од основните механизми на интеграција – како што се ИПА фондовите (во целосна и еднаква форма), процесот на проширување или програмите за постепено вклучување – додека земја што ги оспорува вредностите на ЕУ, како Србија, продолжува да ужива привилегии како кандидат?

Недостатокот на консензус за признавање на Косово меѓу земјите-членки на ЕУ е несомнено главниот фактор што влијае на овој асиметричен третман. Но, ова не треба да биде изговор за политиката на „двојни стандарди“. За ЕУ, времето на двосмисленост мора да заврши. Не може да се тврди дека политиката на проширување е инструмент на демократска трансформација ако ги наградува оние кои ги предизвикуваат европските вредности повеќе отколку оние кои ги почитуваат. Косово и Србија веќе не се на истиот пат кон Брисел. Прашањето повеќе не е кој доцни, туку кој си заминува.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Табела за претседателот Кошта: Кој е партнер на ЕУ?“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ