• Latest

Ќучук: До сега не сме виделе конкретни предлози за реформата на проширувањето

November 8, 2019

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќучук: До сега не сме виделе конкретни предлози за реформата на проширувањето

November 8, 2019 09:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новоизбраниот известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент во разговор за МИА изразува голема разочараност за блокадата на преговорите со Северна Македонија во Европскиот Совет. Тој бара од оние кои предлагаат реформа на преговарачкиот процес да понудат јасни и конкретни предлози, бидејќи, како што вели, не гледа според кои други критериуми освен Копенхашките треба да се оценуваат земјите кандидати.

Господине Ќучук, сега сте и официјално известувач за Северна Македонија во Европскиот Парламент. Кои ќе бидат вашите први чекори?

Сметам дека местото на Северна Македонија и сите држави од Балканот е во ЕУ и во НАТО.Тоа е ставот и на нашата политичка група, Обнова на Европа, ние остануваме на таа политичка позиција и гласањето за Северна Македонија и Албанија тоа го покажа, ние сме политичка група што го поддржува проширувањето на ЕУ. Свесни сме дека ЕУ има свои проблеми, но продлабочувањето на ЕУ не може да биде на сметка на проширувањето, двете мора да одат заедно. И да се водат реформите на ЕУ и да се одржат реформите во регионот за да станат дел од ЕУ еден ден. Да, одлуката на Европскиот Совет за нас е разочарувачка. Лично за мене е разочарувачка, затоа што тие земји заслужуваат подобра иднина, а таа иднина е во ЕУ.

Кога треба да биде првиот ваш извештај за Северна Македонија?

Најверојатно во текот на март ќе излезе првиот текст на Европската Комисија, по што ќе започне конкретната работа овде во Европскиот Парламент. Мојата идеја како известувач е да ги обединам силите на сите политички групи за да изготвиме еден проевропски извештај кој ќе ја изрази амбицијата Северна Македонија да стане дел од ЕУ.

Мислите дека има шанси оваа одлука на Советот да се ревидира до мај?

Сакам Европскиот Совет да има конкретна позиција пред Самитот во Загреб. Самитот во Софија и пред тоа позицијата на ЕУ во Солун беше категорична, дека треба да има европска перспектива за државите. Ние треба да направиме сѐ што е можно да имаме силна, консолидирана европска позиција пред Самитот во Загреб која ќе даде јасна насока за Северна Македонија и останатите земји од регионот.

Како европратеник од редовите на Обнова на Европа се наоѓате во истата група како и француските пратеници од партијата на Емануел Макрон, какво е расположението кај француските членови на вашата група по ова прашање?

Моите колеги од Франција сакаат да се завршат реформите во ЕУ, јас се согласувам со тоа. Но тие сакаат истовремено и реформа на критериумите според кои земјите кандидатите стануваат членки. До сега имаше јасни критериуми, тоа се Копенхашките критериуми, мене сѐ уште не ми е јасно какви можат да бидат другите критериуми. И затоа инсистирам да излезат со конкретни предлози. Да разбереме сите што се има предвид кога се зборува за реформирање на критериумите за зачленување во ЕУ. Притоа, таа реформа не може да биде бескрајна, треба да има јасни рокови, од кога до кога ќе се води и како треба да изгледаат. Тука има големо прашање: земјите кои веќе започнале преговорачки процес, како ќе продолжат? Врз база на новите критериуми или по постоечките? Тука Европската Комисија треба да излезе со јасен предлог.

Значи досега нема конкретни предлози за таа реформа?

Нема. Сите говорат за таа реформа, но никој не видел и не анализирал каква ќе биде таа реформа.

Мислите дека ЕК ќе постапи по овие барање?

При средбата со еврокомесарот Хан категорично порачавме дека Комисијата мора да продолжи на ист начин. Европската Комисија беше категорична за зелено светло за Северна Македонија и Албанија, а Советот не се согласи со тоа. Комисијата има многу пообјективен поглед врз напредокот на земјите кандидати, Советот носи политички одлуки. Тука е и европскиот проблем меѓу трите институции. Парламентот и Комисијата се на една страна, но од друга Советот нема политичка волја да ги исполни јасните ветувања и проценка на надлежните институции.

Која е вашата порака до македонските граѓани кои се многу разочарани и губат верба во способноста на ЕУ да ги исполни своите ветувања?

ЕУ е најдоброто место за живеење. Фактот што луѓе вон ЕУ сакаат да дојдат да живеат во нашите држави е доказ за тоа. ЕУ ги има највисоките вредности во однос на човековите права, демократијата и сѐ што произлегува од тоа. Северна Македонија е земја која е дел од Европа историски и треба политички да и припадне на ЕУ која ги гарантира високите демократски стандарди. Процесот на реформи не е од денес за утре, тој треба да продолжи во времето, затоа мојата порака до граѓаните да бидат активни и да настојуваат пред политичките елити во земјата да ги спроведат потребните реформи. Не да го прават тоа за самата ЕУ, туку за самите себе.

Во ред, но чувството е дека ЕУ е таа што ја отфрла Северна Македонија и нејзините граѓани.

Тоа чувство го има во цел регион. За жал, ние го имаме тоа чувство на разделеност помеѓу источна и западна Европа. Европа ако сака да биде глобален играч треба да ја има потребната кохезија за да се запази единството на Унијата, а тоа значи и прием на земјите од западниот Балкан.

Наскоро ќе го сослушате новоименуваниот еврокомесар за проширување, Оливер Вархелји, предложен од владата на Виктор Орбан. Кој е вашиот став по ова прашање, со оглед на тоа дека има бројни критики за одлуката да му се додели проширувањето на унгарскиот кандидат?

Сакам да гледам неутрално на кандидатот. Важно е да ја оценуваме кандидатурата на објективен начин, а не политичката партија или државата што го предлага. Треба да биде оценет врз база на неговите квалитети. Секако дека најверојатно ќе бидат поставени сите тие прашања кои се покренаа во јавноста за време на неговото сослушување.

Еден од проблемите кои се појавија во Северна Македонија по блокадата во Советот е иднината на Преспанскиот договор, чија целосна имплементација зависи од отворањето на поглавјата за преговори, како што вели државниот врв. Кој е вашиот став за ова?

Преспанскиот договор, пред сѐ, ги гарантира добрите односи меѓу соседите, Република Грција и Република Северна Македонија. Дополнително, тој дава јасна евроатлантска перспектива за Северна Македонија. Сметам дека интерес на целата држава е да ја гарантира иднината на Преспанскиот договор. Искрено верувам дека земјата им припаѓа на ЕУ и НАТО.

Околу договорот со Бугарија се јавија проблеми меѓу двете земји, како гледате вие на ова како бугарски европратеник?

Јас ќе бидам известувач за целиот Европски Парламент, мојата задача е да обезбедам максимално широка поддршка за брз развој на ЕУ перспективите на Северна Македонија, мојата позиција секогаш била дека историјата е за историчарите, улогата на политичарите е да градат иднина за сите поколенија. Мојата задача е со поддршка и на власта и на опозицијата и, пред сѐ, на граѓанското општество во Северна Македонија да изградиме иднина во ЕУ за сите идни генерации на граѓаните на Северна Македонија.


IИзвор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ