• Latest

Димитровска: Не сакам да ги слушам зборовите лица со попреченост, тие се граѓани еднакви со сите останати

December 4, 2019

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Димитровска: Не сакам да ги слушам зборовите лица со попреченост, тие се граѓани еднакви со сите останати

December 4, 2019 15:13
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Благица Димитровска од Инклузива, на панел -дискусијата „Рампа – (не)прифатеноста на лицата со попреченост“ истакна дека е тешко да им се објасни на луѓето за пречките со кои се соочуваат, бидејќи не ги гледаат ниту забележуваат. Во изминатите неколку изборни циклуси, ги набљудуваа изборите, при што забележале дека во поголемиот дел од избирачките места нема пристап за лицата со попреченост да одат до гласачката кутија.

„Попреченоста не е кај луѓето, не е кај лицата со попреченост, туку попреченоста е во околината… Јас би започнала од првиот предизивик уште со настанување на попреченоста, која не настанува исклучиво само со раѓањето, туку се јавува и подоцна во животот, но и сите ние сме потенцијални корисници на попреченоста, со стареење на организмот, ослабнува видот, слухот, се отежнува движењето. и сè што правиме за нас, а не само за овие луѓе. Ми смета кога се вели дека се прави и некоја привилегија, само за лицата со попреченост, што всушност и државните власти и локалните власти треба да знаат дека прават за нив, за граѓаните и за идните генерации“, истакна Димитровска.

Димитровска се осврна и на етикетирањата и стереотпите во образованието, наместо инклузивноста, која е новитет со промена на Законот за основно образование. Исто така, таа ја истакна и физичката пристапност за лицата со попеченост во образовнаите објекти.

„Последното изборно набљудување на претседателските избори, покажа дека 76% од објектите во кои се гласа се физички непристапни. Сите сме свесни дека се гласа во образовни институции. Овој факт многу влијае на децата и лицата со попреченост.  48% од овие објекти   имаат рампи.. Но, од тие 48%, во 80% рампите не се изградени по стандардите за пристапност. Во самата внатрешност на објектите има скали, прагови, тесни врати… Сепак постојат и пречки во наставниот кадар. Постои отпор кон оваа категорија. Најмалку отпор даваат дечињата“, објасни Димитровска.

Димитровска истакна дека образовниот процес и неговата инклузивност влијаат и на понатамошниот развој и социјализација на лицата со попреченост, особено кога станува збор за вработување, а многу вилјае и на политичкиот процес.

„За да стане некој пратеник, градоначалник, советник, треба да се образовани. Затоа сметаме дека државата во овој момент треба да вложи најмногу во образованието. И не сакам да ги слушам зборовите лица со попреченост, лица ос посебни потреби – тие се граѓани со исти права. На овој ден сакам сите да ги поддржите овие лица, здруженијата што работат на оваа проблематика затоа што сè уште гледаме дека во очите на институциите, на општините не гледаат како ривали. Не, ние сме продолжена рака. Нашата рака е подадена за вклучување на  оваа категорија на граѓани подеднакво какои другите, без етикетирање“, истакна Димитровска.

Во панел -дискусијата „Рампа“, учествуваа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, Сандра Пешевска Мицковска, активистка за правата на лицата со попреченост, Вангел Тркаљанов и Душан Томшиќ од Министерство за труд и социјална политика и Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

обработка на текст: Б. Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Кирил Михаилов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ