Опозициската ВМРО ДПМНЕ со илјадници поднесени амандмани, намерно ги блокира низата закони кои се наоѓаат во собраниска процедура и работи на штета на граѓаните, обвини пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој вели дека оваа партија е против секоја реформа во правосудството, но и против демократизација на изборниот процес.
-ВМРО ДПМНЕ со 970 амандмани сака да го блокира предлог Законот за академијата за судии и јавни обинители, за да обезбеди заштита на криминалот што го правеа функционерите на оваа партија и да спречи какви било реформи во праводуството. Поднесоа над 4.000 амандмани за предлог Законот за јавнообвинителска служба со што ги загрозуваат доказните материјали во процесите што се водат против нив. Со илјадници амандмани ја блокираат собраниската дебата за измени во Изборниот законик. Ти се против демократизација на изборниот процес против еднаквоста на мажите и жените и отворени листи, рече Костадинов.
П.К.