• Latest

Социјална правда во училиштата за квалитетно образование на сите ученици

December 19, 2019
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Социјална правда во училиштата за квалитетно образование на сите ученици

December 19, 2019 15:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Услов за квалитетно образование на учениците од помалите етнички заедници и ранливите групи е еднаквата шанса што ќе им овозможи целосно да ги остварат своите потенцијали.

Околу 160 наставници се вклучени во обуките од  проектот „Speech4Teach“, што ги организираат Фондацијата Отворено општество – Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, а годинава тие беа посветени на социјалната правда и создавањето услови за рамноправност, надминување на предрасудите и елеминирање на нееднаквоста.

Сузана Киранџиска, извршен директор на Фондацијата „Чекор по чекор“, соопшти дека биле опфатени десет основни училишта од исто толку општини,  главно во рурални средини, каде што има образование за помалите етнички заедници и настава на турски, босански, ромски и на српски јазик.

-Тоа се децата кои живеат во рурални средини, кои зборуваат на јазик што не е толку опфатен во средините. При посетите на училиштата забележавме дека иако тие деца имаат можност да учат на својот мајчин јазик, сепак во некои случаи им недостигаат учебници и воннаставна литература на нивните јазици или немаат наставен кадар, изјави Киранџиска.

Од обуките што ги организираат во училиштата се формираат заедници за учење каде што наставниците имаат можност да детектираат нешто на што сакаат да работат или да унапредат во текот на годината, а со тоа и да ја подобрат својата педагошка пракса.

Како и во претходните три години на настаните од проектот „Speech4Teach“, и овојпат во делот инспиративни говори, неколкумина учесници, главно наставници, зборуваа за своите лични и професионални искуства на тема социјална правда.

Прим. д-р Мери Бошковска, психијатар за деца со долгогодишно искуство во областа на менталното здравје на децата, рече дека различните деца често наидуваат на неприфаќање и недоразбирање кое се манифестира низ стереотипи, предрасуди и дискриминација и праша дали навистина во образованието им се даваат исти можности на сите деца и дали се бара исто од сите деца.

-Оваа општествена неправда, свесно или несвесно, се вовлекува во училниците, било да е тоа од односот на наставникот, или од однесувањето на другите деца или, пак, нивните семејства, па дури и пошироко во општеството. Ова не се фрази, туку го гледам во мојата пракса. Овие деца се чувствуваат лошо и во иднина може да манифестираат одредени емоционални проблеми – намалена самодоверба, несигурност, отпори кон училиштето и учењето, поради што детето нема да може да ги користи и развие своите потенцијали и во иднина да стане рамноправен член во заедницата, рече Бошковска.

Со видеопорака се обрати Марк Гинзберг, декан на Колеџот за образование на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Вирџинија, САД, кој истакна  дека социјалната правда и толеранцијата на различностите е моќна алатка во училниците што го подобрува образованието. Рече дека е предизвик да се разберат различните култури, постојано да се унапредуваат и заштитуваат човековите права, пред сè социјалните и економските на ранливите групи, и да се создадат услови каде што еднаква можност да учат ќе имаат сите ученици, без оглед на нивната припадност, јазикот, попреченоста или способноста.

-Социјална правда во образованието е кога ќе се елиминира нееднаквоста зашто сите ученици еден ден треба да станат одговорни граѓани во општеството, порача Гинзберг.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ