• Latest

19 декември: Казни за адвокати, разговори за технички премиер, прес на ЦИВИЛ…

December 19, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

19 декември: Казни за адвокати, разговори за технички премиер, прес на ЦИВИЛ…

December 19, 2019 15:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Казни по 2000 евра за тројца адвокати поради неприсуство на судењето за „ТНТ“

Казни во висина од по две илјади евра добија адвокатите Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков за грубо навредување на Судот и одолговлекување на постапката на денешното рочиште за судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ”.

Адвокатите Даути и Наков не беа присутни на денешното рочиште, поради обврски на други судења, а адвокатот Тасевски, поради откажано полномошно.

Неприсуството на адвокатите, Судот го оцени како грубо навредување и одолговлекување на постапката и рече дека обвинетите ќе добијат бранители по службена должност и даде половина час пауза за процесно да се завршат работите.

СДСМ пред одлука за името на техничкиот премиер

Во текот на денот раководството на СДСМ ќе има средба на која ќе се разговара за тоа кој ќе биде премиер во техничката Влада и јавноста ќе биде информирана за тоа, изјави координаторот на пратеничката група на партијата, Јован Митровски.

Тој не сакаше да ги потврди информациите дека актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во Владата, што треба да ги организира следните избори.

– Во текот на денот политичкото раководство ќе има редовна координација и најверојатно ќе се донесе таа одлука. Кога ќе се донесе таа одлука, дали денес или во следниот период ќе бидете известени. Во овој момент не сакам да зборувам за шпекулации, рече Митровски.

Социјална правда во училиштата за квалитетно образование на сите ученици

Услов за квалитетно образование на учениците од помалите етнички заедници и ранливите групи е еднаквата шанса што ќе им овозможи целосно да ги остварат своите потенцијали.

Околу 160 наставници се вклучени во обуките од  проектот „Speech4Teach“, што ги организираат Фондацијата Отворено општество – Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, а годинава тие беа посветени на социјалната правда и создавањето услови за рамноправност, надминување на предрасудите и елеминирање на нееднаквоста.

Сузана Киранџиска, извршен директор на Фондацијата „Чекор по чекор“, соопшти дека биле опфатени десет основни училишта од исто толку општини,  главно во рурални средини, каде што има образование за помалите етнички заедници и настава на турски, босански, ромски и на српски јазик.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

– Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, Никола Бертолини, претставник од Европската делегација и претставници на меѓународните организации, институциите и граѓанскиот сектор денеска во Владата на Република Северна Македонија одржаа состанок на секторската работна група за образование, вработување и социјална политика.

– Топол дом за сите и реконструкција на живеалишта на семејства со деца, кои се во социјален ризик и нехумани животни услови е целта на новогодишната хуманитарна кампања создадена од Здружението за хумано-општествен развој “Проект Среќа” која почна денеска.

– Во духот на солидарноста и регионалната соработка, членките на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), од кои голем дел се и земји членки на ЕУ се двигатели на процесот на целосна интеграција на Западен Балкан во Унијата и видливоста на оваа заложба е високо на агендата на ЕУ по октомврискиот Самит на Европскиот совет е големо охрабрување за нас и се надевам дека овие напори ќе дадат резултати.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на ЦЕИ, што се одржува денеска во Рим.

– Јавна дискусија за измените на Изборниот законик, во скратена постапка, не може да се организира, бидејќи тоа не е предвидено со Деловникот за работа на Собранието, кое веќе ја изгласала потребата за нивно носење. Доколку во предлогот за носење на законот имало барање за јавна дискусија и Парламентот гласал за тоа, тогаш би можело да има јавна дискусија, предупреди денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Почна собирањето 3.200 потписи за референдум против депонија во Неготино. Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Ековита”, кое ја покрена иницијативата за распишување на референдум до Државната изборна комисија, потсети дека според закон, прво биле собрани сто потписи во подрачната канцеларија на ДИК и потоа соодветната документација била дадена до Советот на општината.

– Природниот одлив и пензионирањето се причините за тековните вработувања во администрацијата и тие не се побројни во однос на претходниот период. Напротив, рече денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ: Лажни вести, дезинформации, говор на омраза, инциденти… преовладуваат во предизборниот период

Организацијата ги сподели првичните наоди од долгорочниот мониторинг што започна ден по одлуката на лидерите на политичките партии да одат на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала истакна дека и пред да се договорат партиите за датум за предвремени парламентарни изборите, веќе започна една динамична, пред сè црна кампања, исполнета со говор на омраза и лажни вести.

Панел „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ со учество на Кежаровски, Бошкоски, Рамковски, Богоевски, Цветанов…

Томислав Кежаровски, Љубе Бошкоски, Велија Рамковски, Павле Богоевски, Ване Цветанов и други, се дел од говорниците што ќе говорат за жртвите на режимот на панел дискусијата „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира ЦИВИЛ в сабота, 21 декември, во хотел Континентал, со почеток во 12 часот. Модератор ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

МИСЛА

Спорт, љубов и политика – е тоа не оди заедно

„Во кабинетот на претседателот на државата би требало, ама не процениле, дека во актуелното водство на Комитите нема ниту „н“ од навивање и нити „с“ од сакање на нивниот и наш Вардар. Туку само есенција, концентрат на компримиран и изветвен национализам и обичен примитивен партизам во кој нема ниту „п“ од патриотизам“, пишува Зоран Иванов.

Со ваква младина – оф-ле-ле иднина!

„Младите над 18-19 години старост е точно генерацијата која општествено созреваше и образовно и политички се обликуваше во најлошите години од изминатата деценија на претходната власт. Беа изложени на познатата жестока државна националистичко-патриотска пропаганда, од социо-инженерскиот проект на г. Груевски. Или, поедноставено, на оние содржини од кои денеска се скандализира јавноста во оној неславен, простачки учебник по Социологија за кој деновиве се дигна толкава „прашина“ во јавноста“, пишува Сашо Орданоски.

Ангела Петровска во соработка со: Дехран Муратов, Диана Тахири, Маја Ивановска, Биљана Јордановска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ