• Latest
Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ Тим

23 декември: Одложувања, напади, обвинувања и изборни реформи

December 23, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

23 декември: Одложувања, напади, обвинувања и изборни реформи

December 23, 2019 15:31
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ Тим

Протест на ЦИВИЛ пред Собранието на РСМ: „Слободни избори – ДА, изборна кражба – НЕ“, април 2016 година / фото: ЦИВИЛ Тим

Share on FacebookShare on Twitter

Одложено рочиштето за „ТНТ“, претепан екс градоначалникот Трајковски

Судијата Огнен Ставрев за утре го одложи судењето за „ТНТ“, откако  третообвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски не се појави во Судот бидејќи, како што рече неговиот адвокат, поради здобиените повреди од физичкиот напад треба да направи дополнителни испитувања на Клиниката за максилофацијална хирургија и на неврохирургија.  Судот нареди Трајковски за утрешното рочиште стражарно да биде спроведен.

Расправа за измените на Изборниот законик ќе има, но надвор од собраниската зграда

Расправата за измени на изборниот модел односно за измени на Изборниот законик ќе се одржи надвор од Собранието, а датумот и местото дополнително ќе бидат соопштени, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Јавна расправа по дефиниција на Деловникот, како што кажа сега не може да се одржи.

Поранешен градоначалник на Демир Капија обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Демир Капија за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот од 21.02.2015 до 12.10.2017 година, како одговорно лице – градоначалник на Општината, ја искористил службената положба и прибавил имотна корист за друг во износ од 1.177.476 денари.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони пластични кеси годишно во кои потоа фрлаат различен отпад. Користењето на вакви кеси кои се посочуваат како едни од загадувачите на животната средина треба да се ограничи од 1 јануари 2021 година кога тие ќе се наплатуваат минимум по 10 денари.

Собраниската Комисија за труд и социјална политика и покрај несогласувањата на пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата, попладнево го одржа продолжението на седницата на која, меѓу другото, на дневен ред беа измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка, односно најавеното покачување на пензиите за 700 денари.

Управниот одбор на Здружението на судии ги поддржува активностите на Државната комисија за спречување на корупција и Судскиот совет на РСМ, и смета дека проверката на работата на судиите и нивното однесување е континуирана работа во надлежност на овие две институции.

Кога решавав за Договорот од Преспа некои се прашуваа луд ли е овој, зошто го прави тоа, ќе ги загуби изборите, но донесов одлука со целосно сознание дека е итно да се надгради улогата на земјата, изјави поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“ на коментар на новинарот дека Договорот од Преспа беше една од причините што неговата партија ги загуби последните парламентарни избори во Грција.

СКЕН – ПОЛИТИЧКИ МАГАЗИН: Рампа – (не)прифатеноста на лицата со попреченост во општеството

МИСЛА

Приказната на г-ѓа Лидија Лазова

„Погледајте го сведочењето на г-ѓа Лазова. Тоа не е само сторија, раскажана од многу личен агол, за изживувањата на режимот на г. Никола Груевски и за пропаста на една жена и нејзиното семејство. Тоа е приказна за сите меѓу нас кои беа и сè уште се вљубени во груевизмот. Кои се вљубени во владеење со „цврста рака“ – чија било! – за кои дисциплината е поважна од слободата, партијата од правдата, а поединечните човечки судбини им се неважни во споредба со потребата да се остане или да се дојде на власт“, пишува Сашо Орданоски.

Со малку усул барем

„Во ред, предизборие е. Политика, политички партии плус кампањи е еднакво на лаги. Веќе видено и докажано до степен на енциклопедиска дефиниција. Лагите станаа легитимни. Ги примаме онака левтерно како некое обично и досадно тмурно зимско секојдневие.

Дури и оние најневеројатните, што се чиста фантастика, и оние најкрупните кои од авион се препознаваат. Вџашувачки е да се слушаат, а камо ли да се верува во нив“, пишува Зоран Иванов.

М. Ивановска

во соработка со: Биљана Јордановска, Ангела Петровска, Сашо Орданоски и Зоран Иванов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ