• Latest

Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад, државата има пропишано строги закони и стандарди и спроведува сериозни контроли

December 24, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад, државата има пропишано строги закони и стандарди и спроведува сериозни контроли

December 24, 2019 14:28
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со дезинформациите за увоз, складирање и согорување на опасен отпад во државата и поврзаноста со квалитeтот на воздухот, особено во врска со дезинформациите за согорување опасен отпад во Цементара УСЈЕ, Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста за клучните факти кои ја даваат целосната слика во однос на користење на РДФ отпад како енергенс во цементната индустрија.

Употребата на алтернативните горива во УСЈЕ се одвива во целосно затворен процес, со високи температури во печките (до 2.000 С температура на гасовите во печка) со што се обезбедува целосно согорување на ваквиот отпад. Шпекулациите за запирање на филтрите се сосема неточни бидејќи работата на филтрите е поврзана со целиот процес и со нивно исклучување запира и целокупниот процес.

Државата има пропишано строги стандарди дефинирани во А-интегрираните дозволи што ги добиваат индустриските инсталации вклучително и ТИТАН Цементарница Усје, а се преземаат редовни и вонредни инспекциски контроли на исполнетоста за барањата за заштита на животната средина согласно дозволите и царинските контроли при увоз на одобрените видови на отпад.

Граѓаните треба да бидат спокојни, имајќи го предвид фактот дека увозот/извозот и транзитот на отпадот е строго контролирана процедура и дека ниту една пратка на отпад не може да помине на граничен премин без соодветна проверка. Тоа е регулирано со Законот за управување со отпад од 2004 г. каде се пропишуваат видовите на отпад, условите за извоз, увоз и транзит на отпад, методите за надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот, како и формата и содржината на образецот на дозволата. Законот ги пропишува процедурите и условите за добивање на дозвола за увоз, извоз и транзит на отпад во/од/низ РСМ во зависност од видот на отпадот, неговото потекло, земјата на прифаќање и маршутата на транспорт и типот на третманот кој ќе се спроведе врз отпадот на местото на прифаќање.

Исто така е важно да се напомене дека искористувањето на коксот како енергенс во процесите е строго контролиран и е со количина на сулфур од 4 до 6 проценти согласно важечките прописи во РСМ. Сите други информации за повисок процент на сулфур и неконтролирано согорување се неточни.

МЖСПП води регистар за увезен, извезен или отпад кој транзитирал низ РСМ и истиот е достапен на www.moepp.gov.mk МЖСПП / Документи / Регистри.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ