• Latest

Утврдена дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење

December 27, 2019

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Утврдена дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење

December 27, 2019 10:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter
Апелацискиот суд Битола утврди дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека на 13 декември годинава Апелацискиот суд Битола донесе пресуда со која ја преиначи пресудата на Основен суд Прилеп и утврди дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп извршиле дискриминација спрема тужителите, со тоа што им  оневозможиле пристап до чиста и здрава вода за пиење.

„Тужителите, припадници на ромската заедница, живеат на периферијата од градот каде не им е овозможен пристап до чиста и здрава вода за пиење за разлика од останатите граѓани на Прилеп, од друга етничка припадност, кои живеат во непосредна близина.  Тужителите, во постапка поддржана од МЗМП, побараа судска заштита сметајќи дека правото на еднаков третман со неовозможувањето пристап до чиста и здрава вода за пиење е резултат на нивната припадност на ромската етничка заедница која живее во РСМ. Основниот суд во Прилеп ја одби нивната тужба како неоснована на што тужителите изјавија жалба“, иформираат од МЗМП.

Апелацискиот суд во Битола жалбата ја уважи и првостепената пресуда ја преиначи во корист на тужителите. Според Судот, тужените, Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација, не успеале да докажат дека не извршиле дискриминација, и поради тоа ја усвоил тужбата. Со ова Судот непосредно и правилно го применил правилото  според кое товарот на докажување дали постои или не дискриминација е на страната на тужените, не на тужителите. Со ваквата одлука се создава позитивна судска пракса која го олеснува пристапот до правда на жртвите на дискриминација.

Од МЗМП влат дека за поздравување е и примената на Судот на одредбата од Уставот на РСМ според која водата е издигната на степен добро од општ интерес за државата како и на резулуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации A/Res/64/292 од 28.7.2010 год. со која пристапот до вода, водовод и канализација е признато како човеково право. Судот ја применува и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, според која непристојните услови за живот кои се последица на недостиг до пристап на здрава вода за пиење и одржување на личната хигиена можат да доведат до нивото на страдање што го предвидува член 3 од Европската конвенција за човековите права и го повредува правото на семеен и приватен живот, член 8 од конвенцијата.

МЗМП ја поздравува одлуката на Судот и истакнува дека оваа пресуда е од големо значење поради тоа што правото на чиста вода за пиење во пресуда на домашен суд е издигнато како основно човеково право и дека државата мора да превземе активни мерки да се обезбеди дека секое лице и секоја група имаат еднаков пристап до чиста вода за пиење.

Тужителите беа застапувана од адвокат Емил Паришко од Битола, член на тимот на адвокати на Македонското здружение на млади правници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ