• Latest

27 декември: Пресуди, стратегии и деблокади

December 27, 2019

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 декември: Пресуди, стратегии и деблокади

December 27, 2019 15:48
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пресуда за „Тарифа“

Казна затвор од по три години за поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и вработените Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски одреди денеска Судот, прогласувајќи ги за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувањето при набавка на софтверски систем за компанијата.

Бошковски е прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност како директор на АД “ЕЛЕМ”, додека Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски за виновни за злоупотреба на службена положба и овластувања со потпишување и издавање сертификати, со што нанеле штета на ЕЛЕМ во висина од девет милиони денари.

Медиумите, НВО, екологија и земјоделство прв пат во стратегијата за борба против корупција

Нацрт-верзијата на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси за 2020-2024, идентификува 12 области со ризик за корупција и две хоризонтални области. Прв пат меѓу областите се и медиумите, НВО, екологијата и земјоделството.

Претседателот на Антикорупциска Билјана Ивановска на денешната прес-конференција истакна дека документот е подготвен согласно законската обврска и во инклузивен процес со вклученост на релевантни институции, приватен сектор, невладините организации, а на увид на јавноста ќе биде до 8 јануари, 2020.

„Од денеска  па натаму нацрт верзијата на стратегијата ќе биде достапна на јавноста и сите заинтересирани страни ќе можат да ја разгледаат и доколку имаат свои сугестии и предлози да ни ги достават, а потоа доколку е можно и да ги вклопиме во документот. Натамошниот тек на Стратегијата е во Собранието каде треба да биде усвоена“, рече Ивановска.

Утврдена дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење

Апелацискиот суд Битола утврди дискриминација по основ на етничка припадност извршена со оневозможување пристап до чиста и здрава вода за пиење.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека на 13 декември годинава Апелацискиот суд Битола донесе пресуда со која ја преиначи пресудата на Основен суд Прилеп и утврди дека Општина Прилеп и ЈКП Водовод и канализација Прилеп извршиле дискриминација спрема тужителите, со тоа што им  оневозможиле пристап до чиста и здрава вода за пиење.

„Тужителите, припадници на ромската заедница, живеат на периферијата од градот каде не им е овозможен пристап до чиста и здрава вода за пиење за разлика од останатите граѓани на Прилеп, од друга етничка припадност, кои живеат во непосредна близина.  Тужителите, во постапка поддржана од МЗМП, побараа судска заштита сметајќи дека правото на еднаков третман со неовозможувањето пристап до чиста и здрава вода за пиење е резултат на нивната припадност на ромската етничка заедница која живее во РСМ. Основниот суд во Прилеп ја одби нивната тужба како неоснована на што тужителите изјавија жалба“, информираат од МЗМП.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Постигнат договор за деблокада на законите, се отвора патот за техничка влада – Откако вчера стана јасно дека дека владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнале договор за деблокирање на дел од законите од 123. седница, а за в сабота е најавена средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се отвора патот за формирање на техничката Влада.

Нови лекторати и основање инспекторат меѓу целите во новиот закон за употреба на македонскиот јазик – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик од вчера е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и 20 дена е достапен за коментари и забелешки. Предлагач е Советот за македонски јазик, во координација со министерствата за култура и за образование и наука. Претседателот на Советот Људмил Спасов вели дека фактички се работи за нов закон зашто сосема поинаку и суштински ја разгледува употребата на македонскиот стандарден јазик во нашата држава, но и надвор од неа.

СДСМ со седница на Централниот одбор денеска во 18 часот – СДСМ денеска ќе ја одржи тринаесеттата седница на Централниот одбор на партијата., во седиштето на Бихаќка, со почеток во 18 часот.Седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни.  Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти непосредно пред почетокот на седницата. За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, медиумите ќе бидат дополнително информирани.

Пендаровски: Армијата е во одлична кондиција, нема простор за договарање за нејзиното име – Армијата на Република Северна Македонија е во одлична кондиција ако се спореди што се случуваше во таа институција пред само две, три или пет години. Тоа не се должи само на енормно зголемениот буџет, кој за следната година ќе биде 160 милиони евра, што е апсолутен рекорд за одвојување средства за воениот буџет од нашата независност до денес, изјави претседателот на државата и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, кој денеска беше брифиран од началникот на Генералштабот на Армијата генерал потполковник Васко Ѓурчиновски за состојбата со борбената готовност на Армијата во изминатата година.

Јовески: Неопходно е носење нов квалитетен и издржан закон за ЈО – Неопходно е, не заради Брисел, носење нов квалитетен и издржан закон за јавното обвинителство, а не решенија што ќе бидат резултат на дневно – политички договори. Подобро да не се донесе закон, отколку да се изгласа закон со вакви решенија, истакна државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во денешното годишно обраќање пред јавните обвинители и новинарите.

СКЕН – Политички магазин: Велија Рамковски, жртва на режимот

МИСЛА

„На страна дипломатите, може ли да се биде пратеник во нашето Собрание, а да се биде државјанин и на друга земја? Кога гласаш за закони или за меѓународни акти во Собранието, чија државна лојалност спроведуваат ваквите пратеници? Да речеме, меѓудржавниот договор со Бугарија… Треба ли да елаборирам понатаму?“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Мала нација, многу пасоши“.

„Изборниот ден „д” не е на 12-ти април, туку утре во владата. Во владините одаи, лидерите на клучните политички играчи ќе лицитираат и ќе треба да ги конкретизираат кадровските решенија за привремен премиер, за неколкуте пржински министри и за уште по некоја кадровска дребулија во насока на пролетните предвремени“, пишува Зоран Иванов во денешната колумна „Избори или изговори“.

М. Ивановска
во соработка со: Биљана Јордановска, Дијана Тахири, Сашо Орданоски и Зоран Иванов

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ