• Latest

Началник до началник, тоа се ресурсите, нема бегање…

January 2, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Началник до началник, тоа се ресурсите, нема бегање…

Не им помина ни ждригањето од новогодишната руска салата, тие излегоа со нов кандидат. Нов кандидат, нов скандал.

January 2, 2020 18:25
in БЛИЦ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сѐ началник до началник, кадар промовиран уште во времето на узурпаторот на претседателската функција (Хорхе), тоа се предлози на вемерето за технички министер за внатрешни работи. Навидум, беспрекорни биографии, но со мало чепнување под површината, гледаме нешто друго.

За првиот предлог на Мицкоски, за што не се консултирал со никого, па сега сите во партијата му се гневни, немаше потреба од многу чепкање. Едноставно, Мицкоски се обиде да протури противуставен предлог – активен армиски полковник во униформа да го заземе местото на министер за внатрешни. Скандал, колку што беше скандал и начинот на кој се обидоа да се оправдаат (имало преседани и порано). Великите венецијанерки и поразени кандидатки им фалеше само да кажат дека 27 април беше преседан, па може и да се повтори…

Нејсе, помина тоа. Не им помина ни ждригањето од новогодишната руска салата, тие излегоа со нов кандидат. Нов кандидат, нов скандал.

Новиот кандидат за технички МВР(О?) е поранешен шеф на разузнавањето, исто така, назначен од Хорхе, кој своевремено во анкетниот лист „заборави“ да го внесе луксузниот стан од околу 90.000 евра. Како дојде до тоа? И како тогашната (Грујова) Антикорупциска комисија направила превид на „станче“ од 90.000 евра што го немало во анкетниот лист? Метежот на настаните ги запрета и овие, како и стотици други прашања, но не засекогаш. Може да се најдат со кратко пребарување на чичко Гугл. На некои страници се појавува error 404, но на повеќето ги има. Го има и молкот.

Во тоа време-невреме, прашањата поставени во текот на Шареното лето 2016 година, останаа неодговорени. Но, еве, како скелети што се ослободиле од бетонските окови на дното од матните води, сега испливуваат повторно на површината. И повторно молк. Можеби е продаден станот? Или подарен? Утрото е поитро од ноќта… Утре ќе видиме што ќе биде понудено како одговор. Ако воопшто има одговор. Добро, знаеме, сите што поставуваат незгодни прашања се комуњари и предавници! Друг одговор освен тој ќе има ли?

*

Неодговорените прашања се како нерешени убиства. Безбедњаците треба тоа најдобро да го знаат.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ