• Latest

Град Скопје ја потпиша Париската декларација за ставање крај на епидемијата на ХИВ

January 9, 2020
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Град Скопје ја потпиша Париската декларација за ставање крај на епидемијата на ХИВ

January 9, 2020 15:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот Шилегов и Константин Војцехович, претставник на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА,  денеска ја потпишаа Париската декларација и Град Скопје им се придружи на градовите низ светот во напорите да се стави крај на епидемијата на ХИВ како закана за јавното здравје до 2030 година.

 

– Преку потпишување на Париската декларација сакаме да ја потврдиме нашата заложба за унапредување на колективното здравје во градот, но и во целиот свет, и да придонесеме за намалување на појавата на новодијагностицирани случаи со овој вирус. Свесни сме за потенцијалните ризици од ХИВ и СИДА, туберкулоза и вирусен хепатит, и одговорно се вклучуваме во националните напори за заштита на здравјето и благосостојбата на населението. Како еден од ретките балкански градови кои се приклучиле на оваа иницијатива, апелирам до преостанатите градови, особено во соседството, да се придружат на напорите да ставиме крај на вирусот во наредните 10 години со што ќе обезбедиме поздрави општества –рече Шилегов.

 

Тој додаде дека заложбите коишто водат кон подигање на свеста на граѓаните во Град Скопје за проблемот со ХИВ/СИДА преку нивно информирање, едукација, а со тоа и превенирање на несакани последици, содржани се во Локалната стратегија за заштита од ХИВ за периодот 2016-2020 година.

– ХИВ е вирус за кој не постои лек, но искуствата покажуваат дека со сеопфатни мерки од здравствена, социјална, правна и општо од културолошка перспектива може да се спречи понатамошно ширење на вирусот и да се постигне ефикасна заштита на населението.  Превенцијата ја има клучната улога во намалувањето на бројот на новозаразени лица и секако во намалување на последиците. Половина од новодијагностицираните случаи на ХИВ во нашата земја се појавуваат кај жители на Скопје што потврдува дека епидемијата на ХИВ е всушност сконцентрирана во урбаните средини, особено во големите и главните градови. Само во минатата година, околу 30 од новодијагностицираните случаи биле кај жители на Скопје.  Ова за нас е предизвик на кој вреди сериозно да му се посвети внимание. Затоа посветено работиме на тоа да создадеме и одржуваме здраво општество бидејќи само така може да градиме среќна иднина не само на нашите сограѓани, туку и на сите граѓани во државата и пошироко – изјави Шилегов.

 

Преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита,  Градот Скопје континуирано обезбедува поддршка на активности кои се насочени кон превенција на преносливи болести, намалување на штетите од употреба на дроги, здравствена едукација. Во изминатите години Градот  воспостави и одлична соработка со граѓанскиот сектор која се базира на соработка во унапредување на почитувањето на човековите права и уживањето на еднаквите избори и можности.

– Му посакуваме добредојде на Скопје во иницијативата „Градови на брзиот колосек“ и му честитаме на Градот за преземањето на овој храбар чекор во надополнување на одговорот кон ХИВ. Се надеваме дека и други градови во С. Македонија ќе го следат водството на Скопје.Градовите може да имаат витална улога во справувањето со епидемијата на ХИВ. Тие се позиционирани на начин на којшто можат услугите за ХИВ да ги направат пристапни преку соработка со централната власт, Министерството за здравство, граѓанските организации и заедниците – на пример преку обезбедување простор за активности за подигнување на свесноста, советување и ХИВ-тестирање во рамките на заедницата на специфични локации коишто се блиски до луѓето што живеат со ХИВ, нивните партнери и пријатели и до луѓето што се под најголем ризик од добивање на ХИВ-инфекцијата. Оваа работа несомнено ќе ги направи Скопје и другите македонски градови поинклузивни, безбедни, пријателски настроени кон сите и ќе придонесуваат кон подигнување на квалитетот на живот, социјалниот и економскиот развој – изјави Константин Војцехович, претставник на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ