• Latest
Гусарот и Мијалков

Отказ за Емил Јакимовски, вработениот во Централен регистар кој се закануваше на новинари и активисти

January 13, 2020
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Отказ за Емил Јакимовски, вработениот во Централен регистар кој се закануваше на новинари и активисти

January 13, 2020 08:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Гусарот и Мијалков

Гусарот и Мијалков

Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски донесе Решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради, како што соопштија доцна синоќа од оваа институција, суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

„Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување, според кои, иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал кон другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот“, соопшти Централниот регистар.

По објавите за заканите од Јакимовски кон новинари и активисти уследија реакции со барања за одговорност.

Страницата на Централен регистар во текот на вчерашниот ден беше под напад, а во јавноста се шпекулира дека напаѓачот е токму вработениот во Централниот регистар, Емил Јакимовски, кој изминатите денови е во центарот на вниманието со заканите кои ги упати до новинарката Мери Јордановска и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

 

На официјалната страница на институцијата осамнаа објави со скандалозни содржини против актуелната директорка Марија Бошковска Јанковски.

 

Дека се работи за истата личност, сугерираше и првиот човек на Централниот регистар, објаснувајќи дека токму Јакимовски ја креирал оваа страница пред десеттина години кога бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност.

„Почитувани, сакаме да Ве информираме дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република Северна Македонија е хакирана. Затоа Ве молиме објавите кои ќе бидат постирани од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, пишува директорката Бошковска Јанковски.

Симптоматично е и тоа што објавувањето на овие содржини на страницата се случуваат еден ден подоцна, откако директорката на Централниот регистар најави дисциплинска мерка против вработениот Јакимовски.

,,Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска. Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување. Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски“, реагираше директорката.

 

Потсетуваме, ЦИВИЛ остро ги осудува заканите упатени од страна на Емил Јакимовски. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и секторот за компјутерски криминал веднаш да се зафатат со овој случај!

М. Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ