• Latest

Основен кривичен суд: Предупредувањата на судот за евентаулани обиди за одолговлекување на предметот „ТНТ“ денеска излегоа на виделина

January 13, 2020

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Основен кривичен суд: Предупредувањата на судот за евентаулани обиди за одолговлекување на предметот „ТНТ“ денеска излегоа на виделина

January 13, 2020 12:32
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Предупредувањата на Кривичниот суд за евентаулани притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот, соопштението, го објави веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „Т.Н.Т.“ откако еден од членовите на судечкиот совет си дал неотповиклива оставка, а случајот се врати од почеток.

– Судијата – поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклива оставка во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува  оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата – поротник и за истата ќе го извести Судскиот совет, се вели во соопштението од Судот.

Судот, наведува дека согласно неговите Законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа обезбеден е нов поротник како и резервен поротник, а се со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен  рок и јавниот интерес за предметот.

– Во тој правец судечкиот совет на одбраната и понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање  на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус“, стои во соопштението.

Во интерес на утврдување на фактичката состојба како и правдата и правната држава, Кривичниот суд, се вели во соопштението, продолжува да постапува по сите предмети, се во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се прозинесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во Законите со кои се регулира
статусот на судиите – поротници кои ја претставуаат граѓанската одговорност во судските одлуки.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ