• Latest

Кога веќе не запавта метлата, нека замавне рачката

January 16, 2020

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога веќе не запавта метлата, нека замавне рачката

Христијан Мицкоски јавно, транспарентно и силно да ги посочи и да ги расчисти скаменетите груевистички структури и со тоа и целата менталнa состојба во партијата.

January 16, 2020 15:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Засега сѐ упатува на тоа дека дванаесетти април ќе биде мегданот изборен. Овој пат со многу неизвесен епилог. Двете најголеми партии на располагање имаат побаеги и приближно ист арсенал за меѓусебни обвинувања. Посебно на темата криминал.

Оваа централна тема со воинствена реторика, како најава на кампањата, веќе ја наметнаа инструираните времени технички министри во времената пржинска влада. Значи, кампањски предизборни содржини веќе не толку досадни какви што се предавство, историско, идентитет, пасоши и слични небулози. Туку криминали.

Се чини дека во ВМРО-ДПМНЕ конечно разбраа дека со таквите подментнувања како за идентитетот, за јазикот, за референдумот, за променето име и за други глупости што не држат и што луѓето веќе ги прочитаа, нема да поминуваат во кампањата. Затоа пак, од уста нема да вадат криминали на власта.

Веројатно ПР стратезите на партијата и за овие избори ќе сметаат дека луѓето имаат кратко паметење. Па и покрај евидентните аудио презентации за криминалите на груевистичкото ДПМНЕ, како кец на десетка им дојдоа рекетите и другите глупости од ова време, нели време на СДСМ.

Притоа, секако се неспоредливи деценијата и нешто на едните со трите години на другите. Но факт е дека кампањата умее од мравка да направи слон, па СДСМ не ќе може да биде комотна посебно ако влезе во митингашки реторики да се брани и да брани што е неодбранливо. Тоа што му стои на располагање е да потсетува на содржините од бомбите и на фактот што ДПМНЕ не се помрдна од сенката на својот претходен лидер па партијата и на овие избори ќе трча со својата режимска наметка.

Се на се, и оваа изборна кампања ќе биде дизајнирана со висок степен на примитивизам. ДПМНЕ ќе форсира криминали, СДСМ интеграции. ДПМНЕ како маче ќе преде на тема договорите со соседите, СДСМ ќе премолчува за рекетите. Но граѓаните и од едните и од другите бараат одговори. За тоа што од нивното е вистина, а што не е. Што е подло меѓупартиско подметнување, а што се факти.

Сега, пред самиот старт на вербалниот изборен мегдан, прашањето е дали лидерите на двете моќни и за Македонија и за нејзините граѓани судбински политички партии, ќе ги имаат вистинските  одговори. И што, ако воопшто умеат, можат предизборно бргу да сторат во насока на кадровски ослободувања од носителите на главната изборна тема.

Во предизбориево, Христијан Мицкоски јавно, транспарентно и силно да ги расчисти скаменетите груевистичка структури и со тоа да ја преобрази и целата ментална состојба на партијата.

Во предизбориево Зоран Заев, кој вети, а не запавта со метлата, посилно и посеопфатно да замавне барем со рачката.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ