• Latest

Османи ги повика партиите да најдат компромис и да се донесе законот за јавно обвинителство

January 21, 2020

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Османи ги повика партиите да најдат компромис и да се донесе законот за јавно обвинителство

January 21, 2020 13:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги повика политичките партии да ги надминат, како што кажа, теснопартиските и политички позиции што се однесува до законот за јавно обвинителство, да се изнајде компромис и пред се симболички да испратиме порака дека сме подготвени да соработуваме во борбата со корупција од високо ниво. Османи, потсети дека законот не е условен од Европскиот совет или Комисијата, но дека е важно за одредени земји-членки на Унијата, како Холандија и Франција.

-Независно што на сите ни е јасно дека прашањата што требаше да се регулираат со законот за јавно обвинителство се веќе регулирани со фактот што јавното обвинителство ја продолжи работата на специјалното јавно обвинителство таму каде што тоа застана со превземање на предметите, превземање на архивата, превземање на вработените, но сепак потребата за донесување на двотретински закон за борба против корупција на високо ниво има и симболично значење бидејќи покажува и посветеност и консензуалност на сите партии, целиот спектар на политички партии во државата да се вклучат во борба против корупција на високо ниво, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по средбата со членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Вицепремиерот нагласи дека тоа прашање е фиксирано во перцепцијата на одредени земји – членки како предуслов за воспоставување правна држава и оти оттука е многу важно да не оставиме простор за дебати во земјите – членки дали сме способни да донесеме закон што се однесува на борбата против корупцијата од високо ниво.

-Тоа е посебно важно за Холандија и посебно важно за Франција. Затоа ги повикувам политичките партии да ги надминат теснопартиските и политички позиции што се однесува до овој закон и да најдеме средина и да најдеме компромис за да најдеме пред се симболички како порака дека ние сме спремни да соработуваме независно од нашите партиски разлики кога се однесува до борбата со корупцијата од високо ниво. Пак ќе кажам имајќи предвид дека сите прашања се суштински решени, но ние мора да седнеме и да најдеме решение пред распуштање на Собранието да најдеме компромисно решение, рече Османи.

Законот за јавно обвинителство, повтори тој, не е формален бенчмарк.

-Не е пишан во ниту еден документ во советите на Европската Унија дека ние имаме нешто дополнително затоа што имавме безусловна препорака од Комисијата, затоа имавме прифатена безусловна препорака од Советот само што немавме одлука за започнување на преговори. Советот не рече имате уште еден бенчмарк, но индивидуално земјите – членки, одредени земји членки сметаат дека овој закон е важен предуслов за воспоставување на правна држава, рече вицепремиерот.

Според него, носењето на овој закон би било покажување знак на зрелост дека независно од партиските разлики што ги имаме, кога се однесува за борбата против корупција од високо ниво ги надминуваме партиските разлики.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ