• Latest

„Социетас Цивилис“: Повеќе сме чамец што го носи струја отколку што имаме весла и кормило во борбата против корупцијата

January 24, 2020

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Социетас Цивилис“: Повеќе сме чамец што го носи струја отколку што имаме весла и кормило во борбата против корупцијата

January 24, 2020 12:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донела голем број одлуки, меѓутоа истовремено и очекувано голем дел од нив се запрени односно не се најдени елементи на корупција, е заклучокот во првиот извештај за наодите од мониторингот на Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот од март до септември 2019 година, презентиран денеска од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје.

Миша Поповиќ, програмски координатор во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје по презентацијата сугерираше дека не е лошо ДКСК да работи со помал број предмети, но се очекува областите во кои се испитува појавата на корупција да бидат стратешки определени за да се постигне најголем ефект во тоа дека корупцијата не е исплатлива. Најави втор извештај за октомври-декември за работата на ДКСК со што ќе се заокружи 2019 година.

 

Според него, ефектот од одлуките од Антикорупциска, не може да се измери за овој кус период затоа што има почнати случаи и од други институции, особено каде што се вклучени, како што рече, моќни луѓе, високи функционери, а тие случаи траат долго. Клучното мерило на ефектот, оцени Поповиќ, е дали граѓаните стануваат убедени дека корупцијата не се исплати. Во моментот, подвлече, граѓаните мислат дека корупцијата се исплати.

„Фокус се нашите препораки. Антикорупциската комисија работи со многу лимитирани ресурси и мора да најдат начин како да работат на она што е најважно заради тоа што други истражувачки проекти што се занимаваат со Антикорупциска, утврдија дека од тие 20 луѓе не сите работат на еден случај на корупција. Зборуваме за прилично мал тим во ДКСК, кој треба да најде што е најважно и да сработи еден голем случај што ќе покаже и демонстрира дека има некакво кормило во борбата против корупцијата. Тоа е она нешто што во моментот е невидливо“, потенцира Поповиќ.

На новинарско прашање за падот за 13 места според извештајот на Транспаренси Интернешенел на нашата држава во однос на корупцијата, тој смета дека поважни се поените, кои покажуваат мал пад или стоење во место. Слично покажува и извештајот на СЕЛДИ за искуство со корупција односно покажува мало подобрување, речиси незначително.

„Тоа значи дека додека ние седиме во место, падот од 13 места е всушност дека некој си ја подобрил сопствената позиција. Тоа кажува дека ние повеќе сме чамец што го носи некаква струја отколку што имаме весла и кормила во борбата против корупција. Се надевам дека институциите тоа ќе го видат, ќе помогнат на ДКСК да се доекипира, а самата Антикорупциска ќе собере храброст да работи многуи пофокусирано“, изјави Поповиќ.

 

Мартина Илиевска, помлад истражувач во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје информира дека во дадениот период ДКСК има оформено речиси 1000 случаи. Заклучно со крајот на септември имаат донесено 273 одлуки за случаи по различни осново, а најголем број се однесуваат за образование и јавните услуги. Според типот на повреда, најмногу се однесуваат на вработувања. Просечниот број денови што се потребни, покажува мониторингот, за донесување одлуки се околу два месеци и 18 дена. Таа оцени дека е позитивно тоа што ДКСК најголемиот дел од одлуките што ги има донесено ги има започнато по сопствена иницијатива.

 

„Во однос на политичките партии најголем дел од случаите се оформени за време на изборите односно се поднесени претставки за време на претседателските и локални избори, а за голем дел од нив се смета дека не се основани сомненијата за корупција или судир на интереси. За правосудството, дел од одлуките кои се донесени се однесуваат на вработувањето во правосудството“, појасни Илиевска.

 

На прашањето колку случаи има отворено Антикорупција во однос бизнис-политика, таа посочи дека мал број од случаите што се затворени од ДКСК се однесуваат на бизнис, но не се знае колку од се уште отворените случаи се однесуваат на бизнис и мора да се чека на одлуките кои ќе бидат донесени, пренесува МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ