• Latest

Партиите во нов обид за компромис за законот за ЈО

January 31, 2020
Илустрација ВИ

Рекорден број независни кандидати, но недоволно за 7 до 8 метри гласачки ливчиња

September 3, 2025

Локални избори 2025: Избирачкиот список на увид до 11 септември, ДИК надлежна за заштита на податоците од злоупотреби

September 3, 2025
Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Бугарија се жали во Брисел дека Северна Македонија не ги исполнува преземените обврски

September 3, 2025

Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР бидејќи не му даваат безбедносен сертификат

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Мицкоски зборува едно – Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

September 3, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ бара меѓупартиски консензус за процесот на интеграции во Албанија; Рама разреши тројца заменици министри; Целосната конституција на косовското собрание бара политички договор

September 3, 2025
Фото: Фејсбук

За Мицкоски се исчисти цел паркинг-Аеродромци се најдоа навредени од ваквата ажурност на општината

September 3, 2025

Сиљановска-Давкова: По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно

September 3, 2025
Украина ја напаѓа железничката инфраструктура на Русија и резервоарите за гориво во напад врз железницата Твер, 28 август. Фото: ХУР

Украински дронови погодиле железница во руската Ростовска област предизвикувајќи доцнење на 26 возови

September 3, 2025

Српски рецепт, македонска немоќ: кога народот плаќа, а олигарсите профитираат

September 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите во нов обид за компромис за законот за ЈО

January 31, 2020 08:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нова средба на работната група во поширок формат, односно со присуство на претставници на сите пратенички групи ќе се одржи денеска за законот за јавно обвинителство. По средбата што ќе се одржи во Собранието, ќе се знае дали ќе се надминат отворените прашања меѓу власта и опозицијата и конечно Предлог-законот да се најде на пленарна седница.

Средбата, како што напиша на Фејсбук министерката за правда Рента Дескоска, е со цел да се усогласи текстот што ќе влезе во собраниска процедура. Според Дескоска, овој Предлог-закон подразбира градење силно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите што ги водеше Специјалното јавно обвинителство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница.

„Има таква деловничка можност, изјави Џафери на средба со новинарите“, додавајќи дека сè зависи од волјата на парламентарниот состав.

И премиерот Олвер Спасовски нагласува дека е важно да се донесе законско решение што ќе значи пред сè овозможување правда за секој граѓанин во државата и законско решение, како што вели, кое нема да дозволи штитење на кој било поединец без разлика дали е тој сега дел од оваа влада или бил дел од претходната влада или бил на која било позиција во државата или е обичен граѓанин.

Јавната дебата што се водеше во Собранието, оцени премиерот Спасовски, покажа дека навистина има што да се слушне од страна на експертите, кои објективно и во рамките на својата експертиза можат да кажат сопствено мислење во однос на законското решение.

Доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев очекува договор за законот за јавно обвинителство, затоа што, како што вели, на сите им стана јасно дека се работи за правно формално потребно решение за државата. Апелира, по одржаната јавна расправа во Собранието, во наредните три дена партиите да ги оформат сите предлози, тие во форма на амандмани да бидат вградени во законот и Владата во понеделник да го достави до Собранието и тој да биде изгласан до пред распуштање на Парламентот.

„Донесувањето на законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, вели Заев.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, член на работната група за законот за јавно обвинителство, изјави дека јавната расправа во голем дел дала потврда на многу забелешки што претходно ги изнела опозицијата за овој, како што рече, некомплетен и со многу недостатоци закон.

„Единствено тие што работеа на овој текст си ја пофалија својата работа, како академикот Камбовски, додека стручната јавност беше прилично конкретна и критична. Нашиот заклучок од јавната распава е дека најголемиот број присутни стручни лица од правната и академската фела препорачаа овој Предлог-закон за јавно обвинителство да се доработи од Министерството што го предлага“, рече Милошоски.

Додека траеше експертската дебата за законот евроамбасадорот Самуел Жбогар на Твитер напиша дека се надеваат оти законот за јавно обовинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието.

„Земјата треба да продолжи да ја покажува својата посветеност на реформи особено во клучни области“, напиша Жбогар, посочувајќи дека предложеното законско решение е добра основа за да се донесе консензуална одлука.

За надминување на партиските интереси и усвојување на законот за јавно обвинителство повика и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Новиот Предлог-закон за јавно обвинителство се очекува да биде донесен до 12 февруари, кога треба да се распушти овој собраниски состав. За неговото донесување неопходно е двотретинско мнозинство, јавува МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате – изгледа ВМРО буквално ја сфатиле

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ