• Latest

Српски рецепт, македонска немоќ: кога народот плаќа, а олигарсите профитираат

September 3, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Српски рецепт, македонска немоќ: кога народот плаќа, а олигарсите профитираат

Инфлацијата ја чувствуваат сите, но профитот завршува кај малкумина. Северна Македонија ја копира српската формула за „контрола на цените“, но неуспешно, оставајќи ги граѓаните со поскапувања, додека олигарсите продолжуваат да се богатеат

September 3, 2025 13:31
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Инфлацијата е заедничка мака и во Северна Македонија и во Србија. Секојдневието на граѓаните се сведува на пресметување дали ќе има за храна, сметки или кирија. Но, како што пишува Авторот Љубомир Костовски во анализата специјално за ЦИВИЛ –  „Инфлација за сите – профит за малкумина“, токму кризата станува можност за богатење на мал број бизнисмени блиски до власта.

Владата на Христијан Мицкоски ја презема српската формула на Александар Вучиќ: ограничување на маржите наместо вистинско замрзнување на цените. Но, ако Вучиќ со пропагандна машинерија умее да го прикаже овој потег како успех, владата на Северна Македонија го прави уште понеуспешно. Цените растат, инфлацијата го јаде стандардот, а владата се појавува како гласноговорник на стопанските комори и интересите на крупниот капитал.

Примерот со Стопанската комора и нејзиниот лидер Азески е јасен: со едно писмо до премиерот се блокираат мерки кои би биле во корист на потрошувачите. Тоа е доказ дека политиката не се води за да ги заштити граѓаните, туку за да ги зачува профитите на малкумина.

Слична е и српската слика – олигарсите блиски до Вучиќ контролираат клучни економски сектори, од трговија до оружје, додека обичните работници преживуваат со минимални плати. Во Северна Македонија, Азески се појавува како клучен играч и во минатата, и во сегашната влада, додека останатите имиња од бизнисот – Анѓушев, Ангеловска, Камчев – се „играчи“ кои во различни моменти ја искористиле кризата за лична добивка.

Заклучокот е непријатен: владата на Северна Македонија не само што ја следи српската економска логика, туку тоа го прави и на уште понеспособен начин. Инфлацијата ја чувствуваат сите, профитот го собираат малкумина, а политичката елита останува заробена од олигархиски интереси.

Доколку овој тренд продолжи, Северна Македонија ризикува да западне во уште поголема социјална криза. Кога државата свесно се откажува од заштита на граѓаните и се става во служба на бизнис-елитите, резултатот е неизбежен: поголема сиромаштија, поголемо иселување и уште подлабоко непријателство меѓу народот и власта. Тоа не е само економска, туку и политичка бомба со одложено дејство.

Подготви: Д. Тахири

Прочитајте ја оригиналната анализа од Љубомир Костовски:


ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ