• Latest

Несериозните предлози на Мицкоски за законот за јавни обвинители

February 4, 2020
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025

Сериозни повреди на демократските принципи пред локалните избори 2025 – Движењето Слободни и независни бара итна реакција од институциите

October 10, 2025

По 8 месеци криза, конституирано е косовското собрание

October 10, 2025

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025

Зекирија Шаини: Сакаат да ме дискредитираат, мојата сопруга нема врска со пукањето – институциите нека го најдат вистинскиот сторител!

October 10, 2025

Фон дер Лајен следната недела на турнеја низ Западниот Балкан, в среда ќе престојува во Скопје

October 10, 2025
РЕК Битола

Уапсен Борче Марковски од „Марковски компани“: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Несериозните предлози на Мицкоски за законот за јавни обвинители

Мицкоски и понатаму го блокира донесувањето на законот за ЈО кој е суштински дел од реформите во правосудството што, пак, е еден од главните услови за отпочнување на преговорите на државава со ЕУ. Мицкоски бара тим од правни експерти да го изготват Законот, Министерство за правда вели дека таквото барање од Мицкоски е несериозно, бидејќи истиот е подготвуван повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за ова законско решение.

February 4, 2020 20:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда денеска изнесе дека сметаат дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Законот за Јавно обвинителство, бидејќи работната група го подготвувала истиот повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за ова законско решение.

Оттаму во нивното соопштение стои дека Законот за Jавно обвинителство, се изготвувал долг временски период во Министерството за правда, од работна група во која што учествуваа домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители коишто даваат сугестии и мислења за одредени пршања поврзани со Законот.

„Законот е сè уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваме да подготват амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата“, изјавија од министерството.

Мицкоски денеска побара професори и експерти да изготват решение за законот за јавно обвинителство, кое, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ безрезервно ќе го поддржи. Тој предложи да се формира експертски тим во кој би биле вклучени професорите по уставно и казнено право Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ.

Заев, пред денешната средба со компаниите-членки на Стопанската комора Македонија – Турција, рече дека на секој во државава му е веќе јасно дека Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавни обвинители и ги повика уште еднаш да го демантираат, ако тоа не е така.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со последниот предлог на Мицкоски, Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ можеше да понуди закон преку експерти пред две години, шест или три месеци.

Далеку од сериозен е, рече Заев, предлогот на Мицкоски според кој, законот веројатно би се донел до ноември годинава, а ваквата несериозност граѓаните ја препознаваат.

Ангела Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ