• Latest

Заклучок од панел дискусијата на ЦИВИЛ: Сајбер нападите имаат потенцијал да го дестабилизираат системот и да однесат човечки животи

February 6, 2020
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат 83% стапка на смртност на цивили во Газа

August 22, 2025
Фото: Скриншот

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

ЦУК: Осум активни пожари низ државата

August 22, 2025
Фото: Тулси Габард / Х

Шефицата на разузнавањето на Трамп наредила прекин на споделувањето разузнавачки информации за мировните преговори меѓу Русија и Украина со сојузниците 

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

August 22, 2025

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Заклучок од панел дискусијата на ЦИВИЛ: Сајбер нападите имаат потенцијал да го дестабилизираат системот и да однесат човечки животи

„Ако имате ситуација во која Слободен печат или ЦИВИЛ Медиа се нападнати тоа не е преголема катастрофална последица, но ако се напаѓа системот, тоа може да однесе човечки животи. Тоа е рамно на терористички акт“, рече Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на панел дискусијата „Сајбер нападите - предизборно оружје“.

February 6, 2020 18:51
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Што претставуваат сајбер нападите? Која е нивната цел? Дали и колку се злоупотребуваат за политички цели? Како сајбер нападите влијаат врз активистите и активизмот воопшто? Постојат ли механизми за заштита? Дали неказнивоста на хакерите во Македонија ја прави земјата погодно тло за ширење на ваков вид на напади? Ова се само дел од прашањата на којшто денеска дискутираа панелистите на панел дискусијата „Сајбер напади – предизборно оружје“ во организација на ЦИВИЛ.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала кој го отвори и модерираше панелот истакна дека интернет нападите може да му наштетат на изборниот процес зашто граѓаните не можат да се информираат навремено и правилно.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ

„Паѓањето на еден сајт, на само неколку минути или часови, може да придонесе кон предност за одредени политички структури, особено кога нападнатите медиуми информираат за нерегуларности или насилства во изборниот процес“, истакна Дерала.

Тој додаде дека и медиумската платформа на ЦИВИЛ неколкупати досега била цел на хакерски напади, но дека состојбата во моментов е стабилна.

„Ако имате ситуација во која Слободен печат или ЦИВИЛ Медиа се нападнати тоа не е преголема катастрофална последица, но ако се напаѓа системот, тоа може да однесе човечки животи. Тоа е рамно на терористички акт“, рече Дерала.

Аналитичарот, новинар и професор, Сашо Орданоски на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Сајбер нападите – предизборно оружје“, зборуваше за неодамнешниот сајбер напад врз серверот на „Слободен печат.

Сашо Орданоски

„Слободен печат којшто во последните два три месеци успеа да го дуплира и триплира својот сообраќај и влезе во 10те најчитани информативни портали. И тоа веројатно беше причината за повеќедневен напад. Нападот е всушност загушување на сообраќајот на серверот.

Серверите на Слободен печат се лоцирани во Франција. Првите предупредувања стигнаа од таму, дека сме под жесток напад. Интересно во случајот е што компанијата идентификуваше 5 адреси од каде се врши нападот кои беа од Македонија. Некој да се дрзне од Македонија, и тоа не од приватни туку од државни институции како еден од поголемите државни универзитети, од едно од поголемите министерства во владата, една од најголемите енергетски компании, една од најголемите ИТ компании и една од поголемите национални телевизии… Тоа се адреси кои би требало да бидат максимално заштитени.

 

Компанијата го пријави нападот во Одделот за компјутерски криминал во МВР не само затоа што е сериозен напад врз нашата компанија, каде секако имате огромни морални и материјални штети, туку бидејќи се работи за ретка прилика каде се идентификувани адресите и сметавме дека е важно да се идентификува начинот на којшто се извршени овие напади. За да се провери дали нивните сервери биле хакирани што е многу веројатно.

Ако овој напад е проба пред изборите тоа може да има сериозни политички импликации. Замислете што ќе се случи ако на 3 април некој го хакира серверот на Фондот за пензиско осигурување, на пример. Зад тоа не стојат луѓе кои се шегувале тој ден, туку се работи за промислен организиран и смислено изведен напад“, истакна Орданоски.

„Во нашата земја има историја на вакви напади врз веб сајтови на медиуми и граѓански организации, но исто така имаме историја на разни напади на државните институции, банки и слично, за кои не се зборува во јавноста, оние кои се нападнати не сакаат да бидат прикажани како жртви или недоволно заштитени, особено институции кои чуваат важни работи, банки кои ги чуваат парите на граѓаните,  но сметам дека ова е сериозна закана, не само кај нас туку и во светот“, изјави Филип Стојановски, директор за развој на ресурси и партнерство, од фондација „Метаморфозис“.

Филип Стојановски

Стојановски изјави дека кај нас има два вида на сајбер напади, директни и „ддос“ напади.

„Директни хакирања, со цел да се влезе и да се направи штета, да се смени некоја содржина и сметам дека дефинитивно е потребно зголување на компјутерската безбедност. Ддос напади – кои доаѓаат од мрежи на компјутери и праќаат барања за пристап до содржина. Она што е важно е дека таквите мрежи можат да се создат не само во сопственост на оние кои напаѓаат, туку и со пуштање на вируси, кои фунцкиорнираат континуирано“, изјави Стојановски.

Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ, зборуваше за своето искуство со работата во ЦИВИЛ и за нападите и проблемите со кои се соочувал пред неколку години.

„Имавме илјадници прегледни дневно, кога тие се распространети во текот на 24 часа не е проблем, но серверите кои ги имавме не беа подготвени да ги издржат тие напади. Не само што нападите ни го бутнаа серверот, ама и компанијата ни го избриша сајтот. Среќа направив „бек ап“, го вративме сајтот на друг сервер и во следната минута повторно се повторија нападите“, изјави Климента.

Ермин Климента

„Сајбер нападите се глобален проблем, ги има насекаде, особено се насочени кон медиумите, а колку е еден медиум е помал, полесно е да му се наштети и потоа да се избрише истиот. Такво нешто не може да се случи со поголеми компании, како што е примерот со Фејсбук“, додаде Климента.

Активистот и блогер, Јане Ѓорѓиоски зборуваше за тоа како сајбер нападите делуваат на активистите и обичните луѓе, па и блогерите.

Јане Ѓорѓиоски

„Многу е интересно како овие напади на традиционалните медиуми делуваат врз мотивацијата на поединецот да го искажува сопственото мислење на своите приватни профили на социјалните мрежи. Можете да замислите како се чувствува еден блогер за сопствената сигруност кога ќе чуе дека е нападнат медиум како „Слободен печат“. Ми се имаат случувано интересни работи, хакерски напади на мојот блог од соседна држава, но имаше и насочени напади кои се случуваа секогаш пред изборите кога ние блогерите бевме многу активни. На секого останува дали ќе одолее на тие напади и ќе го совлада стравот и ќе продолжи понатаму“ истакна Ѓорѓиоски.

Ангела Петровска и Маја Ивановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владимир Перчуклиевски
фотографија: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ