• Latest

Расправата за Законот за ЈО премина во Комисијата за европски прашања и законодавно-правната комисија

February 11, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Расправата за Законот за ЈО премина во Комисијата за европски прашања и законодавно-правната комисија

Владата донесе заклучок Предлог-законот за јавното обвинителство со тие дополнувања да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија. За жал, во текстот кој што е пратен беа направени ситни технички грешки кои се однесуваа токму на корекциите кои беа усогласени на седница на Владата и од тие причини испратениот текст на Предлог-законот за јавното обвинителство е повлечен. Владата по направените исправки повторно го достави до Собранието на Република Северна Македонија, наведе Владата во соопштението.

February 11, 2020 17:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители. Расправата за овие закони преминаа во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија. Седницата синоќа беше закажана за во 17 часот, но почна со задоцнување од околу четири часа. Согласно со процедурите, Владата го повлече текстот на законите поради мали технички грешки и, по направените корекции, повторно го врати во собраниска процедура.

Владата донесе заклучок Предлог-законот за јавното обвинителство со тие дополнувања да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија. За жал, во текстот што е пратен беа направени ситни технички грешки кои се однесуваа токму на корекциите кои беа усогласени на седница на Владата и од тие причини испратениот текст на Предлог-законот за јавното обвинителство е повлечен. Владата по направените исправки повторно го достави до Собранието на Република Северна Македонија, наведе Владата во соопштението.

Законот за јавното обвинителство по прексиноќешното зелено светло од Владата вчера влезе во собраниска процедура, откако СДСМ потврди дека ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување.

Утврдениот Предлог-закон, како што посочуваат од Владата, е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирање на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка.

Денеска започна расправата во Комисијата за европски прашања како матична комисија, а потоа законот ќе се упати за финално гласање на пленарна седница. Во нејзиното образложување министерката за правда на почеток ги исфрли обвинувањата на опозицијата пласирани и вчера и денеска на почетокот на комисијата. Дескоска тврди дека законот е утврден во Влада.

“Во Собрание бил по грешка донесен Законот со грешки, кој не бил утврден на седница на Влада. Потоа по реакција на пратениците на ДУИ потврдивме дека е поднесен погрешен текст на законот, кој текнички го повлековме и во Собрание го донесовме Законот кој бил утврден на владина седница. И затоа не е вистина дека текстот не е утврден во Владина седница”, рече Дескоска.

Седницата за Предлог-законот денеска се прекина за пратениците да учествуваат во седницата за ратификација на протоколот за НАТО. Претседателот на Комисијата, Артан Груби извести дека за законот се поднесени два амандмана.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија вршат притисок врз други пратеници да не се гласа за законот за јавно обвинителство. Тој вели дека кога Владата го пратила во собраниска процедура тој имал збор од 80 пратеници дека ќе дадат поддршка, но оти оттогаш се случуваат притисоци и закани кон пратениците. Дали за законот ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, посочи Заев,  ќе се знае кога ќе треба да се гласа за него.

За притисоците и заканите против пратениците пишуваше и ЦИВИЛ МЕДИА пред два дена кога беше објавен текстот „Луѓето на Груевски и Мицкоски ги тероризираат пратениците што сакаат да гласаат за законот за ЈО“, како и колумната „Глутницата на Груевски и Мицкоски“.

Ангела Петровска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ