• Latest

Заев: Верувам дека законите ќе се донесат, Собранието навреме ќе се распушти и изборите ќе се одржат на 12 април

February 14, 2020
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Заев: Верувам дека законите ќе се донесат, Собранието навреме ќе се распушти и изборите ќе се одржат на 12 април

February 14, 2020 14:08
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, дека Собранието навреме ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

“Парламентот не смееме да дозволи со какви било игри, со какви било планови да се наруши процесот на дискусија – деловничкото право на пратениците и на крајот правото да се изгласаат законите. Може ќе има две третини, може и ќе нема две третини, но ред е, и фер е, и чесно е пред државата да дадеме шанса да се изгласаат овие важни закони“, рече Заев.

Посочи дека е среќен што денеска продолжи работата на Парламентот и изрази благодарност, како што рече, на флексибилноста и на претседателот на Парламентот и на сите пратеници да работат денеска.

„Верувам согласно своите деловнички права коишто ги имаат ќе дадат шанса сите овие законски решенија да бидат завршени со својата дискусија, да бидат завршени со својата дискусија, да бидат гласани и после тоа да се распушти Парламентот“, истакна тој.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека коалицијата со ДУИ функционира.

„Секако вчера од генералниот секретар на партијата со неговиот настап испративме сериозна порака за одговорност пред државата. Наша единствена цел е пред распуштањето на Парламентот да се даде шанса да се гласаат законите – не само двотретинските закони, Изборниот законик, разрешувањето на министерката за труд и социјална политика и неколку законски решенија, буквално трошењето на неопходното време кое што е изброено до полноќ на 16 февруари кога се последните рокови за распуштање на Парламентот“, истакна лидерот на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има преговори со други партии за нова коалиција, Заев вели дека засега имаат преговори со нивните стандардни коалициски партнери и со некои од партиите коишто не биле досега со нив во коалиција.

„Разговараме. Верувам дека ќе имаме конечни резултати од овие разговори покрај анализите што ги правиме, а и разговорите со нив коишто се многу важни да имаме и програмски заеднички определби некаде на крајот на февруари месец“, рече Заев.

Тој потенцирам дека СДСМ има сериозен голем и уникатен коалициски капацитет заради едно општество за сите. – Заради храбри одлуки коишто ги донесовме во минатото и нема да оставиме тоа да не го искористиме нормално се во функција на сериозна победа, сериозен чист мандат којшто ќе обезбеди стабилна пратеничка група со мнозинство гласови во новата влада во следниот четиригодишен мандат заради тоа што претстои сериозен процес на вистинска трансформација на целокупното наше општество и работа дома на економијата, додаде Заев.

На прашање дали се гледа како премиер на новата влада, лидерот на СДСМ, одговара дека не размислувал.

„Апсолутно ниту сум размислувал дали се гледам. Сериозноста на пораката од генералниот секретар Љупчо Николовски беше, како што јас ја сфатив, ја сфативме и сите, да престанат игрите коишто се играат во Парламентот, за државата наша се работи. Се работи за аргументација која што треба да ја дадеме на Холандија, на Франција и на сите други земји членки на ЕУ, се работи за уникатна можност која може со две третини да направиме обид да се донесат вака значајни закони. Едниот е консеквенцен на нашето членство во НАТО – законот за одбраната, а законот за јавното обвинителство на крајот е правна држава. Реков преку овој закон ќе утврдиме дали ќе победи правната држава или ќе победат сите оние коишто се осомничени за незаконски дејствија. На крајот одговорноста е на сите пратеници. Јас очекувам навистина сериозна одговорност пред државата и нашиот народ да се донесат ваквите закони“, истана Заев.

Ниту сакаме, ниту планираме, рече Заев, формирање на мнозинство кое што, како што додаде, секако е извесено.

„Знаете и вие новинарите дека е возможно да го направиме заради тоа што со обезбедување на преку 80 пратеници, а не па за мнозинство од 61 пратеник. Тоа е возможно. Не сакам ова никој да го сфати како закана. Но, испраќам јас како порака, како потврда на нашиот генерален секретар дека тоа што е државата е државата пред се и над се за сите нас. После тоа се нашите партии, политички калкулации или слично. Ние сакаме да имаме избори на 12 април, сакаме навреме да се распушти Парламентот, но истовремено сакаме Парламентот да си ја заврши работата онака како што е планирано – законските решенија да се гласаат во Парламентот“, нагласи Заев.

Тој повтори дека  кога одлучиле да го пуштат законот преку Влада до Парламентот имале дадено збор од најмалку 80 пратеници.

„Секако дебатата продолжи и после тоа се држеа комисиите, се разгледуваа, се разговара со сите пратеници и верувам дека на крајот ќе се обезбедат  неопходните најмалку 80 пратеници за да може вакви важни законски решенија да бидат усвоени од нашиот Парламент“, рече лидерот на СДСМ. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ