• Latest

Ванхауте: Тие што треба да се во затвор не се, потребно е независно судство

December 10, 2019
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Ванхауте: Тие што треба да се во затвор не се, потребно е независно судство

December 10, 2019 09:42
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Интервјуто со меѓународниот посредник на високо ниво, Питер Ванхауте, ЦИВИЛ Медиа го направи непосредно пред Денот на човековите права, 10 декември, а на тема актуелните политички случувања во тој период во земјата. Токму одлуката за предвремени парламентарни избори како резултат на одлуката на ЕУ да се одложи предлог датумот за отпочнување преговори со Северна Македонија и што понатаму, беше клучно за разговорот со Ванхауте.

Четири години по Пржинскиот договор, а во декември 2019 година, пред нови предизвици пред формирањето на техничка влада и спроведување на избори што беа закажани на 12 април 2020, останаа отворени прашањата колку тогашната влада имаше време во спроведување на реформите што беа клучни за одлуката на ЕУ и колку тогашните парламетарци имаа капацитет да одговорат на предизвикот.

ЦИВИЛ: Што ќе кажете за нашата земја четири години по Пржинскиот договор?

Ванхауте: Има голем број на проблеми, а сум многу разочаран од начинот на кој се справувате со целиот проблем со специјалното обвинителство. Едно е да откриете во даден момент, а и за мене претставува огромно разочарување да видам што се случувало таму. Но, друг проблем е тоа што одеднаш ова станува сосема дисфункционална непостоечка институција, каде што веќе ни луѓето не добиваат плати. Јас би рекол дека ова е сосема неприфатливо. Ова е нешто што треба да се среди што е можно поскоро.  А доколку се согласувате дека некој друг треба да ги преземе сите документи и истраги кои се во тек, овие луѓе си ја вршеа добро работата и треба да имаат можност да продолжат да го прават тоа што го правеа досега. Не верувам воопшто дека Јавното обвинителство, како што е во моментов, може да спроведува и да ги финализира истрагите како што треба. Што значи дека тие луѓе треба веќе да бидат во затвор, а не се. Никој од нив не е во затвор моментално, освен специјалната обвинителка, која се наоѓа во куќен притвор. Овие луѓе треба да бидат во затвор и тоа треба да биде јасен знак пред луѓето дека барем луѓето се одговорни. Дека не може да се извлечете ако не се однесувате соодветно како службено лице, ако ги злоупотребувате државните средства, ако ја злоупотребувате службената должност, тогаш треба да завршите во затвор. Тоа треба да биде јасно убедување, јасен момент дека традиционално едно независно судство ви кажува дека ова е премногу, не можете така, ве молам, таму ви е вратата.

ЦИВИЛ: Дали беше потребно да се оди на предвремени парламентарни избори?

Ванхауте: Денес сé уште гледам дека голем дел од дисфункциите кои што ги забележавме за време на целиот процес на медијација се сé уште присутни на терен, односно, постои одреден напредок, но не доволно за вистински да функционираат работите. Во суштина јас би рекол – организирање на предвремени избори, кога се прави тоа? Тоа може да го правите само кога ќе видите дека веќе немате апсолутно никаква поддршка од парламентот.Тогаш можете да направите само една работа, да дадете оставка, а парламентот тогаш да одлучи дали да формира нова влада со различни партии или со истите партии и различна програма, или да се оди на предвремени избори. Но само заради ваквото задоволство, затоа што некој одлучува да се почека малку за започнување на процесот на европската интеграција, би рекол дека тоа е смешно.

ЦИВИЛ: Дали иницијативата за една изборна единица е избрзана во овие услови?

Ванхауте: Навистина е избрзано, затоа што не постои проблем, во нормален демократски систем што фунционира, мора да осигурате дека секој има чувство дека тој или таа се соодветно претставени. Луѓето од Делчево, луѓето од Битола или Куманово, од Прилеп треба сите да бидат соодветно застапени.

Резултатот од создавање на една изборна единица ќе биде така што мнозинството од пратениците ќе поттекнуваат од Скопје. Веќе има премногу средства и пари и внимание што оди за Скопје. Ве молам, ајде, исто така, да се справуваме и со останатиот дел од земјата. Тие, исто така, заслужуваат економски развој. Тие, исто така, заслужуваат соодветни образовни системи. Тие, исто така, заслужуваат да имаат соодветен пристап до различни видови објекти кои им се потребни за да навистина живеат како што треба таму. Ако тоа не им го овозможите тие единствено можат да се преселат во Скопје, но тоа не е иднината за земјата. Тоа е еден вид на дискриминација кон луѓето кои не живеат во Скопје. И сметам дека ова е секако црвена линија ако продолжите на тој начин. Другиот проблем секако е организирање, првенствено воспоставување и да осигурате дека имате соодветен, функционален Избирачки список. Сега постои таков регистар, но има долг пат пред навистина да биде финализиран. Ова е можност број еден. Секој да има адреса, број на улица, број на куќа и име на улицата, селото и да знаете каде сите живеат. Сметам дека и полицијата треба да има клучна улога во проверката на тоа кој каде живее. Тоа е чекор број еден. Оттука, нема да ви се потребни центрите, бидејќи лесно можете да ги пресметате бројките, бројот на луѓе и секако од тука да започнете да ги организирате изборите. Избирачкиот список е можен само ако знаете кој каде живее. И тоа е нешто што сé уште недостасува до денес. Имавме толку многу време, толку многу време потрошено во обид да се изнајде решенија за Избирачкиот список и до денес се соочуваме со истото. А тоа е прилично загрижувачки би рекол. Ајде прво да ги решиме основните проблеми и само тогаш да преминеме на добри дискусии за една изборна единица, односно, дали треба да биде различна опција. Јас сум отворен да учествувам во дискусии, но пред сé тоа што е приоритетно.ЦИВИЛ: Имаме ли ние функционален парламент?

Ванхауте: Од она што го дознавам од парламентот, бидејќи работам, исто така, на различни проекти во однос на вашиот парламент, така што често бев тука, а имам и голем број неформални контакти и внатре во парламентот, јас сум многу разочаран. Сметам дека најпрво сите пратеници треба да бидат многу поактивни. Нешто се случува. На пример, ситуацијата со институцијата каде што 85 вработени не добиваат плата повеќе од два месеци. Како е тоа можно? А потоа пратениците отворено ми велат, жалиме, но не можеме ништо да сториме за тоа, тоа е административна процедура. Па, решете го тоа. Тоа е обврска на владата како извршна власт, без разлика на односот со парламентот или со институцијата, тие се официјалниот работодавач на тие луѓе, така што мора да го решат овој проблем. Треба да се среди веднаш. Разбрав дека со назначувањето на нов директор не е решен, но требаше веднаш да го сторат тоа. А тоа е така со сé друго. Ако вие како пратеник прошетате наоколу, одите да пазарувате, шетате по улица, набљудувате и доколку постои проблем, секако треба веднаш да се јавите на владата и да им кажете: еј, министре, има проблем во соседтвото, зошто ништо не сте сториле досега, кога ќе сторите нешто во врска со тоа, ве молам кажете ми, и дадете предлози како да се решат тие проблеми. Но, единствената работа што ја прават на крај е носење на нова легислатива, а тоа е другиот голем проблем. Не се работи за тоа да владата и парламентот прават легислатива и правила само кога ќе видите дека има проблем. Не, се работи за политики. Што значи дека имате план. Ова е тоа што сакаме да го постигнеме. Сакаме, на пример, да обезбедиме образование каде луѓето мора да одат на училиште наутро и попладне, така што ни требаат повеќе училишни објекти и ќе направиме план. Ова е планот. Ова ви го ветуваме за една година, две години, три години. А парламентот треба да го следи тоа. Тоа не е легислатива, тоа претставува чисто детектирање. Проверка што се случува таму и туркање на владата во вистинска насока. Тоа е она што треба да го сторат за сите работи.

ЦИВИЛ: Како треба да продолжиме понатаму кон ЕУ?

Ванхауте: Тоа секако е комплицирано прашање, но би рекол дека постојат некои едноставни почетни точки за ова. Првата работа е секако дека владата треба да разбере дека постои потреба правилно да се води работата. Имате цела државна служба, но треба истата да ја управувате мошне ефективно и да ја модернизирате каде што е можно. Последните неколку дена посетив многу канцеларии. Понекогаш сум шокиран, па дури и од работната средина. Тоа не е место каде што би сакал да работам воопшто. Модернизирајте ја, исчистете ја би рекол, ново бојадисување на ѕидовите, плафоните, средете го осветлувањето, што и да треба, за да барем првиот чекор биде создаден, средина во која луѓето ќе сакаат да доаѓаат и да работат. Тоа е првиот чекор. Вториот чекор е да заборавиме на сите регулативи и правила и што и да е. Дозволете им на луѓето да си ја вршат работата како што треба и доколку постои проблем, постои директна врска со луѓето кои се само едно ниво над нив, кои треба да разговараат со нив и да им кажат, да им дадат наредби или што и да било, да им кажат во ред, ве молам, ајде сега ова да го направиме а тоа подоцна. Така што чекор по чекор, можете да направите сé што се очекува од вас. Државната служба е исклучително важна, бидејќи е суштината на тоа што владата сака да го постигне. Државната служба е таа што ќе испорача. Тоа е чекор број еден. Чекор број два е секако кога станува збор за програмирање на одредени работи. Ми се допаѓа тоа што владата тесно соработува со граѓанското општество, што го консултира за сé. Но, граѓанското општество не е влада, граѓанското општество треба да биде извршна страна, не се мешајте таму затоа што, што и да прави владата, на крајот треба да остане отворено и критички кон тоа што владата сака да го прави. Ако сите се префрлите на една страна, кој во опшеството ќе надгледува што прави владата. Ова не е работа само на парламентот, тоа е исто така работа и на граѓанското општество. А тоа е она што сé повеќе недостасува би рекол. И второто прашање во однос на граѓанското општество, а би можел да кажам и за мене, е да има навистина мотивирано, живо граѓанско општество, каде луѓето не бараат само проекти, финансирање и проекти, но исто така прават сé што веруваат дека треба да прават во однос на граѓаните, многу работи што треба да се направат а за кои можеби никогаш и нема да добијат средства или било каква награда за тоа. Но, ова е клуќно за било каква промена. Навистина да се придвижи целото општество напред во вистинската насока. И конечно да се навратиме на владата, основниот клучен проблем што јас моментално го гледам е клиентилистичкиот пристап. Јас ти правам тебе услуга, а ти му правиш услуга на него, а потоа таа на нив и на него му прави услуга и потоа тој мене ми врши услуга повторно и треба да ми дадеш работа. Така функционира системот, политичкиот систем денес. Треба да се дистанцираме себеси од тоа и да воспоставиме соодветен систем кој функционира. Ми барате услуга, јас ќе ви речам извинете, постои служба која ги врши тие работи. Ова е телефонскиот број, јавете се. Ако можат да ви помогнат, ќе ви помогнат, ако не можат, жал ми е. На тој начин ја создавате и неопходната еднаквост помеѓу граѓаните, дека сите, секој граѓанин треба да биде еднаков за владата. Начинот на кој владата ги третира граѓаните треба да биде еднаков за сите нас. А тоа се всушност европските вредности. Тоа е основната вредност за еден демократски систем.ЦИВИЛ: Имаше ли оваа влада доволно време и можности да ги спроведе потребните реформи?

Ванхауте: Секогаш велев дека ова е процес за кој ќе бидат потребни многу, многу години пред навистина да можете да напредувате, дури и за следните генерации. Не сакам да ве разочарам, но реланоста е дека е потребно време. Меѓутоа, има многу практични прашања на кои можете да се посветите веднаш и на кои требаше веднаш да се посветите по формирањето на владата, наместо да чекате за пристапување кон НАТО и ЕУ. Имаше многу други работи поврзани со здравството, економскиот развој, образовниот систем каде што можеа навистина да се вклучат многу поактивно со цел да се оди на промени и подобрувања. И тоа е тоа за што жалам малку, дека е потребно толку многу време за да луѓето направат нешто ефикасно. Да, го сменија законодавството, но не се работи за законите. Важно е што правите на терен што луѓето можат да го видат и да ја почувствуваат разликата. Тоа е единственото нешто што на крајот е важно за добро управување. Што се однесува до ЕУ, жалам, а тоа е и наша одговорност како граѓани од ЕУ, жалам што ЕУ сé уште е премногу фокусирана на испорака на документи, регулативи, закони итн, како и воспоставување на нови институции. Сега треба да се фокусираат на вистинските приоритети. Прошетајте тука низ Скопје, прошетајте низ целата земја, анализирајте што се случува а што не се случува, што недостасува и започнете да работите. Тоа е многу подобар, поефективен пристап за секого, отколку само да штикларате дека повторно сте одобриле дестина закони.

Џабир Дерала

Обработка на текст и превод: Наташа Цветковска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Владимир Перчуклиевски
Фотографии: Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ