• Latest

Веселата математика на роденденот на Охридско лето

February 19, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Веселата математика на роденденот на Охридско лето

Ај да претпоставиме дека фестивалот во таа година бил завршен (значи 50-тото по ред Охридско лето било одржано), па монографијата е работена по завршувањето на ова лето, иако имајќи ги предвид тортите, и обемната работа врз подготовката на текстот, личи дека и монографиите се работени однапред. Ама да се слави јубилејот во таа година и да се сечат роденденски торти во погрешни години!? Тоа е како на детето да му славиме прв роденден кога ќе се роди, а втор кога ќе наполни една година.

February 19, 2020 11:43
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДИМИТРИЈЕ БУЖАРОВСКИ

Ова со јубилеите на Охридско лето, што се слават година дена порано (?!) ме потсетува на броењето на татко ми на родендените – сега наполни 59 години ама влезе во 60-тата.

Охридско лето оди натаму, на денот на полнењето 58 години сечеа торта со 59 години. Гарантирам дека годинава се спремаат да слават 60 години и да сечат торта со 60 години, иако оваа година на 4 август фестивалот ќе наполни 59 години.

 

Дури и на сајтот на фестивалот стои дека тој започнува со концертот на Ана Липша Тофовиќ на 4 август 1961 година. Според тоа фестивалот може да сече торта за 60 години исклучиво на 4 август 2021 година. Ама изгледа дека никој дури ни во Охридско лето не го чита сајтот.

Инаку, познавајќи го Пјер, сопругот на Ана, кој 5 минути зборуваше за неврохирургија (како неврохирург беше познат и ценет на целиот Балкан), 15 минути за музика и 30 минути за Ана (ова не е моја мисла, туку на Владо Чучков), можам да претпоставам чија беше идејата и организацијата на целиот настан. Но еден концерт сигурно не е фестивал. До правиот фестивал ќе поминат повеќе години, ама нашата пуста желба да покажеме што поголеми и подалечни корени; ајде ќе го прифатиме датумот.

Веселата математика со годините и јубилеите ќе започне со монографиите: првата Дваесет години фестивал Охридско лето: 1961–1980 итн., до последната: 50 години Охридско лето објавена во 2010 година.

Ај да претпоставиме дека фестивалот во таа година бил завршен (значи 50-тото по ред Охридско лето било одржано), па монографијата е работена по завршувањето на ова лето, иако имајќи ги предвид тортите, и обемната работа врз подготовката на текстот,  личи дека и монографиите се работени однапред. Ама да се слави јубилејот во таа година и да се сечат роденденски торти во погрешни години!? Тоа е како на детето да му славиме прв роденден кога ќе се роди, а втор кога ќе наполни една година.

Јас не познавам ниту една институција ниту во светот ниту во Македонија, која си пресметува родендени на ваков начин.

Ќе го наведам примерот со Википедија во која годините на старост дури и на еден ден пред роденденот додека не се стигне до него, се пресметуваат според претходната година, (на пример ако е 3 август, а роденденот на некој е на 4 август и роден е условно во 1961 година, на 3 август 2020 година ќе стои дека има 59 години, и дури по 4 август 2021 година возраста ќе биде променета на 60 години).

Ова навистина е беспредметна дискусија, и толку е апсурдно – просто да не веруваш. Охридско лето додека не стигне до 4 август 2021 година не може да разговара за никаков јубилеј. Во некои случаи може да биде јубилејна годината во која се паѓа роденденот (на пример 2021 година за Охридско лето), или да се прогласи јубилејна од почетокот на датумот на исполнување на јубилејот до следната година (според ова јубилејот на Охридско лето би траел од 4 август 2021 година, до 3 август 2022 година). Ова уште повеќе се однесува на изработка на монографии, кои може најрано да се појават на вистинскиот роденден, а не на специјалитетот на Охридско лето – славење година дена однапред; инаку очигледно ќе ги прескокнат настаните што ќе се случат до денот на роденденот.

Не можев никаде на страницата на Министерството за култура да ги најдам резултати од годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година за националните установи. Кај дополнителни резултати стои само:

За проектите што ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура донесе решенија (?!!!)… Во тие решенија, ама гарант, на невидено, има предвидено богата програма за одбележување на 60-годишнината со издавање на монографија.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ