• Latest
Груевски и Орбан, во позадина се гледа Јанша, Охрид, 29.9.2017 г.

ФРОНТЛАЈН: Кои се унгарско-словенечките играчи на Орбан кои истураат пари во вмровски медиуми?

February 23, 2020
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ФРОНТЛАЈН: Кои се унгарско-словенечките играчи на Орбан кои истураат пари во вмровски медиуми?

За помалку од една година, унгарските претприемачи станаа официјални сопственици на повеќе од десет електронски, печатени и мрежни медиуми во Македонија. Питер Шатц започна со купување, а од 2018 година Агнес Адамик го водеше бизнисот. Унгарските пари за овие проекти постојано доаѓаа од Словенија – преку сметки во банка „Уникредит“ што ги отворија Шац и Адамик во Љубљана.

February 23, 2020 20:18
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Груевски и Орбан, во позадина се гледа Јанша, Охрид, 29.9.2017 г.

Груевски и Орбан, во позадина се гледа Јанша, Охрид, 29.9.2017 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Како главен играч во скандалот со црните пари од Унгарија, а користени за македонски медиуми, може да се посочи Петер Шац од Будимпешта, пишува FRONTLINE.MK. Пред две и пол години неговото име се појави во Централниот регистар на компании, како еден од сопствениците на телевизија Алфа. Неговото преземање на телевизијата коинцидира со периодот кога Зоран Заев ја формираше Владата, кон средината на 2017-та. Како втор сопственик се појавува името на анонимниот српски државјанин Горан Балаќ од Земун, со што се воспоставува унгарско-српско-македонската релација.

Петер Шац е сопственик на компанијата „Рипост“, претставник на унгарскиот капитал во три медиуми во Словенија, вреден два милиона евра. Фирмата е регистрирана во Љубљана, а медиумите кои ги контролира овој медиумски играч од Будимпешта имаат десно ориентирана уредувачка политика и известуваат во корист на Јанез Јанша, иста како таа на ТВ Алфа во Скопје, и на порталите Курир, Лидер и Нетпрес, кои се споменуваат во фокусот на аферата со црни унгарско-руски пари.

Како се поврзани споменатата телевизија, интернет порталите и унгарските пари? Не цела година откако Петер Шац станува сопственик на ТВ Алфа, името на неговата компанија, во малку изменета форма „Рипостарт“, се појави како маркетинг огласувач на Курир, Нетпрес, Република, Лидер и Алфа. Тогаш се отворија прашања дали истиот унгарски сопственик започнал да ги финансира и порталите, а со тоа да ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ во медиумската кампања против европските политики на СДСМ. Токму тоа го наведуваат новинарите од Словенија, од порталот „Нецензурирано“ кои пред десетина дена ја обелоденија аферата со црните пари трошени во медиуми – дека вмровските медиуми во Скопје имале задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и да дејствуваат против членството во НАТО.

Извод од Централниот регистар на Словенија

Постои уште еден факт. По влегувањето на Шац во државата, наведените медиуми продолжуваат да бидат силна пропаганда на Груевски, а потоа и на Мицкоски, и да промовираат усогласена уредувачка политика. Во 2018 година, 2,5 милиони евра од Унгарија се депонирани во Македонија преку сметка во „Уникредит Словенија“ од Петер Шац – напишаа словенечките новинари повикувајќи се на банкарски податоци.

Е сега, Петер Шац е во најтесна соработка со Арпад Хабони, сопственикот на „Модерн Медиа“. Оваа компанија е најмоќната во групацијата која во Словенија ја застапува Шац. Тука се појавува улогата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Имено, Хабони е личен советник и стратег за пропаганда на Орбан, а државата, значи Орбан како премиер, целосно ги финансира медиумите на групацијата во која најмоќен е Хабони. За илустрација, во 2017-та, унгарската влада потрошила 40 милиони евра за свои реклами во нејзините медиуми. Истата шема што ја практикуваше Груевски со поткуп и корупција на медиуми.

И така се затвора овој црн медиумско-финансиски триаголник Орбан – Хабони – Шац, а третиов е линкот и во Словенија и во Македонија. Според сето изнесено, најмалку две тези се лажни кога медиумите на Мицкоски се обидуваат да ја извртат вистината за да се оправдаат дека не се фатени во очигледна црна пропаганда. Прво, не може да се обвинува СДСМ дека намерно го темпирал времето за да говори за скандалот кога скандалот го отвори словенечки медиум со релевантно новинарско истражување, а СДСМ го искористи моментот да го повика Јавното обвинителство да отвори истрага и кончено да се утврди со какви пари и за какви цели делуваат вмровските медиуми. Дополнително, СДСМ потсети дека ваква пракса со поткуп и контрола на медиуми постоеше во 11-годишното режимско владеење.

И второ, погрешна е тезата дека СДСМ удира по неподобните новинари за власта. Оваа теза е дури и опасна, а целосно е погрешна. СДСМ не удира, СДСМ алармира, а обвинителството и судството и другите истражни органи треба да постапат. И ова никако не може да е атак кон новинарите, туку кон оние во медиумите кои знаат од каде им стигаат парите, на каков начин и со каква намена, оние кои потоа со таквите пари ги плаќаат новинарите и им нарачуваат што и како да објават.

„Нецензурирано“ пишува дека операцијата со корупцијата во медиумите и нивната контрола со црни пари започнува со средбата во Охрид на 29 септември во 2017 година кога Орбан и Јанша, на официјален работен ручек со Груевски, изразија поддршка за ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори во Македонија. Но, во позадина, тие очигледно веќе правеле други планови. Само три дена претходно, на 26 септември, унгарскиот претприемач Агнес Адамик, го основа „Адинамик Медиа“ во Скопје за да ги купи македонските медиуми. Истиот месец, Петер Шац го лансираше веб-порталот „Рипост“ во Македонија. Оригиналниот сопственик на домејн за пропагандниот портал во Македонија е компанијата „Ш-Шац“ со седиште во Љубљана.

За помалку од една година, унгарските претприемачи станаа официјални сопственици на повеќе од десет електронски, печатени и мрежни медиуми во Македонија. Питер Шатц започна со купување, а од 2018 година Агнес Адамик го водеше бизнисот. Унгарските пари за овие проекти постојано доаѓаа од Словенија – преку сметки во банка „Уникредит“ што ги отворија Шац и Адамик во Љубљана.

После сите овие релации и потврдени сомнителни банкарски трансакции тешко е дека некој може да поверува дека ВМРО-ДПМНЕ не контролира медиуми со сомнителни пари од Будимпешта. Јавното обвинителство има доволно објави во јавноста за да се фати со работа.

FRONTLINE

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ