• Latest

Натаму само со железни чевли и со челична волја

February 28, 2020
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Натаму само со железни чевли и со челична волја

Како и да завртиш, Македонија со Преспанскиот, времето тоа неминовно ќе го потврди, е во голема добивка. Но, пак не ќе е лесно. Правилата се строги и јасни. Попуштање за европските стандарди нема. Тие, впрочем, се важни, не толку за нив таму, колку за нас овде.

February 28, 2020 12:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

oд корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Ќе ја имаме ли среќата конечно да ги почнеме преговорите со Европската Унија? Не за друго, туку под итно да слетаат бриселски бирократи во Скопје. Да им дишат во врат на нашиве мешетари. Малку да ги стават под свое, секако ако не успеат и нив бргу да ги корумпираат. Ако тоа не им појде од рака, тогаш ќе си имаат големи проблеми со присилата на европските стандарди.

Македонија е пред нова транзиција. Овој пат, посакувана, европска. И таа ќе биде долга и мачна. Но и извесно ефикасна. Тоа е можно само со диктат однадвор и со железна посветеност одвнатре. Само така европските вредности ќе се почувствуваат и овде. Ќе резултира тоа со пристоен правен поредок. Со спастрени институции, одговорна администрација, еколошка свест. Со подразбудена јавност и со поодговорни политичари.

Но, кој досега се провна во ЕУ, се провна. Отсега па натаму, кој сака внатре, само под строга европска стража. Со новите методи што ги наметна Макрон, патот ќе биде потежок ама посигурен. Со проверки и со разни контроли и без она „ние напишавме, ама не реализиравме“. Нашиве полека ќе мораат да се простуваат од тендерски местенки, од партиски вработувања, од  клиентелистички полтронирања, од судски и секакви други узурпирања. Македонија конечно или ќе треба да заигра според европските вредносни правила или ќе атрофира од сопствената корупција. Ако на пролет ги добиеме преговорите, повеќе ќе нема многу зезање. Пораката од Брисел, ќе е куса, јасна и ригидна.

На патот за интеграциите Македонија мина ужасно тешка етапа. За таа цел, трпеше и уште трпи емотивни трауми поради решенијата под притисок. Земјава го промени своето име во уставот за да ги добие НАТО и преговорите за ЕУ. Но, како и да завртиш, Македонија со Преспанскиот, времето тоа неминовно ќе го потврди, е во голема добивка. Но, пак не ќе е лесно. Правилата се строги и јасни. Попуштање за европските стандарди нема. Тие, впрочем, се важни, не толку за нив таму, колку за нас овде. Во прилог на ова само неколку факти:

Прво, решен е еден неразбирлив и токму поради тоа и тешко решлив меѓудржавен, меѓусоседски спор. Второ, да не го стореше тоа, Македонија со години натаму не ќе беше ниту некаква тема за некакви интеграции, па ќе си останевме закотвени на балканското дно. Трето, еве НАТО, токму поради Преспанскиот, е завршена приказна. Четврто, земјава, главно поради или поточно благодарејќи на договорите со соседите, се ослободува од робувањето на некои историски заблуди и од некои непродуктивни романтизми. Петто, со Преспанскиот и за Република Северна Македонија во оваа глобална информатичка ера е отворен нов развоен хоризонт.

Македонија е на чекор до европскиот праг. Патот натаму ќе е долг и мачен. И можен, само со железни чевли и со челична волја.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ