Во новиот извештај на Фридом Хаус- „Слободата во светот 2020“, Северна Македонија и оваа година е рангирана како делумно слободна земја. Во извештајот се наведува дека Северна Македонија има 63 поени од вкупно можните сто. Државата е сместена и во делот со најголемите отстапувања во 2019 година во однос на претходниот извештај за 2018 година. Од лани има добиено плус четири поени.
„Северна Македонија одржа компетитивни претседателски избори, помагајќи да се поправи антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски“, се наведува во извештајот.
Како делумно слободни во извештајот се рангирани и Босна и Херцеговина со 53 поени, Косово со 56 поени, Црна Гора со 62 и Србија со 66 место. Од 195 држави кои се оценувани во извештајот, 83 се рангирани како слободни, 63 како делумно слободни и 49 како неслободни.












