• Latest

Традицијата, стереотипите и предрасудите го „гушат“ женското претприемништво

March 6, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Традицијата, стереотипите и предрасудите го „гушат“ женското претприемништво

March 6, 2020 14:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Енергетиката, машинската и електро индустријата сé уште се перципираат како „машки“ струки. Жени има многу малку и на раководни позиции во компаниите. Во селата продолжува генерациски да се пренесува убедувањето дека „глава“ на семејството треба да биде мажот.  Никако да се избориме со традиционалните бариери, стереотипите и предрасудите кои и натаму значително влијаат врз свеста за развој на женското претприемништво.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Сојузот на стопански комори (ССК), далеку заостануваме зад просекот на ЕУ во однос на родовата еднаквост. Тоа го покажува и јазот на пазарот на труд каде мажите учествуваат со околу 60 проценти, а жените со помалку од 40 отсто. Слични се бројките и од аспект на вработеноста. Ситуацијата е комплетно различна кога станува збор за неактивното население, кое не е вклучено во работната сила. Тука мажите учествуваат со 35 отсто, а жените со 65 проценти.

Неопходна е поголема поддршка од државата, и финансиска и во однос на разбивање на стереотпите, но мора да се направат и низа законски измени за да изградиме родово еднакво општество, порачаа претседателката на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска, претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и потпретседателката на ССК, Габриела Кулебанова.

Тие посочија и дека земјава воопшто не располага со релевантни статистики, односно креира политики врз неточни бројки. Институциите преземаат одредени мерки за родовата еднаквост, како и за овозможување жени да дојдат на управувачки позиции, но тоа не е доволно. Политичарите, пак, делумно го исполнуваат она што го ветуваат осоебно пред избори.

 

“Статистичките показатели во однос на родовата еднаквост покажуваат едно, а мерењата во реалноста друго. Нашите статистики, тоа и политичарите го признаваат, не се точни. Ги поздравуваме мерките на одредени институции кои прават напори за внесување на жените во управувачките позиции, но тоа не е доволно“, рече Кулебанова.

Се осврна и на квотите за раководните позиции. Укажа дека треба да се укинат и оти квалитетот треба да биде на прво место за добивање одредена функција.

„Позиционирањето на високите позиции драстично се разликува во приватниот и во јавниот сектор. За разлика од приватниот, во јавниот сектор постојат квоти. Доколку постои свест и култура на почитување на вредностите, квотите не би требало да постојат. Додека да се премости таа разлика, треба да се размисли за воведување квоти во приватниот сектор, по примерот на Германија која уште пред пет години воведе минимални квоти за жени во одборите на директори во големите компании“, потенцира потпретседателката на ССК.

Во овој контекст укажа на меѓународната студија според која, жените ги надминуваат мажите во 11 од 12 клучни компетенции за емоционална интелигенција (самосвест, емпатија, управување со конфликти, адаптибилност и имска работа кои се основни вештини за ефективно лидерство).

 

„Мора да се воведат родовосензитивни статистики, а не да се нагаѓа и врз основа на тоа да се креираат политиките. Мора да имаме информации. Имаме добри политики креирани врз неточни информации. Не може така. Бараме, целосно, а не селективно почитување на Националната стратегија за женско претприемништво во која постои дефиниран фонд за развој. Само така, со континуирано следење на Акцискиот план можеме да постигнеме конретни резултати“, истакна Дисоска.

Мојсоска побара измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување со кои, како што напомена, ќе се изнајде решение земјоделките и земјоделците кои плаќаат придонеси и на кои земјоделството им е основна дејност, да го искористат своето право на здравствено осигурување и боледување. Во оваа прилика уште еднаш апелира транспарентното дејствување на Федерацијата да не се искористува од политичките партии за ситни поени.

„Дали вистински знаеме кои се всушност руралните жени, со што се соочуваат, како живеат, дали се вистински вреднувани од општеството и околината? Тие се соочуваат со социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходи, доминација на традиционалните норми. Лишени се од сопственост на земјоделско земјиште и имот, од правото на платено родителско отсуство, а ограничен им е и пристапот до образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги. Ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во поголема сиромаштија и ја поттикнуваат сиромаштијата. Постои и правен пропуст во Законот за здравствено осигурување односно во член 14 опфатени се само физичките лица кои се вработени во приватен сектор или државни инситуции, самовработени лица, а се изоставени регистрираните земјоделки и земјоделци. Апелираме државните институции за здравство и социјална работа да почнат инклузивен процес за измени и дополнување на Законот“, рече Мојсоска.

 

Последните податоци покажуваат дека само пет отсто од руралните жени кај нас имаат свој имот. Околу 64 отсто не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за семејството, додека 47 проценти од невреботените рурални жени вршат неплатена работа во семејните фарми.

„Многу е мал бројот на жените во руралните средини кои се поддржани од своите семејства во тоа што го работат. За да имаат свој бизнис, тие треба да бидат похрабри во донесувањето на одлуките“, истакна претседателката на НФФ.

Вработените македонски жени засега се најзастапени во услужните дејности и во ИКТ секторот, онаму каде што до израз доаѓаат нивните личните вештини, беше нагласено на прес-конференцијата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ