Официјалните податоци ибјавени на worldmeters.info даваат доза оптимизам дека во Европа, Корона вирусот се менаџира успешно и нема место за аларм и паника.

Низ стариот континент има држави со стотина заразени заради кои веќе се во функција претпазливите мерки, но во многу од нив или нема смртни случаи или нема ново заразени во последните 24 часа. Германија засега е без ниту едно починато лице од корона вирусот иако е втора држава во Европа според бројот на заразени граѓани или вкупно 1.151 пациенти. Пред Германија со најголем број заразени е Франција со 1.209 лица и 19 починати. Но добрата вест од Франција е тоа што во последните 24 часа нема откриени нови случаи на заразени со Ковид 19. Од овие две држави има веќе и лечени пациенти, 12 во Франција и 18 во Германија. Во групата со Германија на европски држави каде има над 100 заразени а сеуште немаат смртен случај се и Белгија со вкупно 239 заразени од кои 39 во последните 24 часа, Шведска со 204 со еден ново заразен, Норвешка со 178 со две нови случаи и Австрија со 178 вкупно, од кои два нови случаи. Сите овие држави до пинеделник на пладне немаат ниту еден починат од корона вирусот оизнат како Ковид 19. Но од друга страна државите кои имаат веќе жртви од најновата зараза, немаат нови случаи во последните 26 часа, како што е Шфајцарија со вкупно 332 заразени и 2 починати и Холандија со 265 заразени и три жртви. Нови случаи за последното деноноќие нема ни во Италија каде е регистриран најголемиот број на случаи во Европа, вкупно заразени досега 7.375 и 366 починати. За разлика од горенаведените држави ситуацијата е алармантна во Шпанија каде до сега има 911 заразениод кои вкупно се 237 нови случаи констатирани последните 24 часа, а таму веќе има 17 жртви до сега.












