• Latest

Корона вирусот влезе и во агендите на политичките партии

March 10, 2020

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Вртење во круг: Трамп постави нов рок за мир во Украина, Сенаторот Греам бара Русија да се прогласи држава спонзор на тероризам ако не ги врати киднапираните украински деца

August 22, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Корона вирусот влезе и во агендите на политичките партии

March 10, 2020 17:16
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ ги одложи активностите на претседателот на партијата Зоран Заев и на партиското раководство, зпланирани за деновиве, и целосно ги почитуваат сите препораки од институциите во борбата против корона вирусот, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој нагласи дека по синоќешниот победнички конгрес на СДСМ излегуваат пред граѓаните со сериозна програма, за повисоки плати, развој, напредок на државата.

„Претставуваме 5 столбови за позитивна трансформација на едно општество. Со мерките и политиките градиме економски силна стабилна земја, правична и правна држава членка на НАТО, која преговара со ЕУ, зелена еколошка иновативна држава, која има што да понуди на своите млади, држава за достоинствен живот. Работници со поголеми плати. Плата од која останува за живот, држава во која младите остануваат и напредуваат тука“.

Синоќа, Конгресот го прифати предлогот Програмата „Можеме!“ да биде официјална предизборна Програма на СДСМ и Коалицијата.

„Како што најавивме, СДСМ започнува нова пракса со тандем на носители во сите изборни единици, маж и жена за целосна родова еднаквост.

Граѓаните во изборната единица 1, очекуваат правда и правичност, интеграција во ЕУ, повисоки плати и пензии и чиста животна средина. Пред граѓаните во изборна единица 1 настапуваме со 20 имиња на личности кои уживаат голема доверба во општеството. Нивната листа ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска.

Економски раст и развој, модерна инфраструктура и грижа за најранливите, сигурност и безбедност се очекувањата во изборната единица 2, затоа чест да ја предводат листата ќе имаат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Силно и конкуретно земјоделство, повисоки плати и можности за младите, подобро здравство ова го нудиме пред граѓаните во изборната единица 3, 20-те кандидати во оваа избрна единица ќе бидат предводени од Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Во изборната единица 4 влегуваме со силни инвестиции во инфрастурктирата, со уште посилна поддршка за земјоделците и уште повеќе можности за младите, тоа ќе треба да го испорачаат пратениците од оваа изборна единица а предводени од мене, Зоран Заев и Соња Миракоска.

Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции, обезбедуваме раст на платите и силна поддршка на туризмот. Овде честа ќе ја имаат да ја предводат пратеничката листа Радмила Шекеринска и Јован Митрески.

Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните уште еднаш ќе ги потврдиме и тоа најмногу во 6-та изборна единица. Најразнолика изборна листа е токму овде и таа ќе биде предводена од претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами и Фаница Николовска“, соопштуваат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да се ослободи од стегите и влијанието на својот ментор од Будимпешта, Никола Груевски.

„Мицкоски дури ни листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски. Тој отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта, Никола Груевски, да му даде одобрение за листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека пратеничката листа на СДСМ е листа за пораз.

„Заев настапува со стари истрошени и компромитирани кадри на кој сака да им обезбеди пратенички имунитет зошто така мислат дека нема да одговараат. Нема никаква свежина и ниту еден нов лик. Тоа е приказ за атрофирана партија која не извлекува поука од граѓаните.

Само ако ги погледнеме носителите на листите на СДСМ веднаш станува јасно дека главни критериуми за избор биле неспособноста или пак тоа кој колку повеќе штета и направил на државата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, смета дека власта е виновна за корона вирусот, додавајќи „Наместо Министерството за здравство да биде главен заштитник од корона, тоа е најголемиот извозник на вирусот. Ништо не остана од помпезно најавуваните контроли, системот на владата е “пробиен како решето”. Најмалку што во овој случај може да се направи е итна оставка на Филипче.

Барањето оставка од министерот Филипче, е единствената „препорака“ од опозицијата во борбата со корона вирусот.

Од Алијансата на Албанците со конкретни мерки и препораки во борба со корона вирусот, додека од партијата ДУИ ги претставија на Фејсбук првите билборди, со пораките: „Надеж, семејство, развој, правда, можност…

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ