• Latest

Димитров и Филипче на брифинг со странските диломатски претставници за коронавирусот

March 12, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров и Филипче на брифинг со странските диломатски претставници за коронавирусот

March 12, 2020 18:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче денеска одржаа брифинг со претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва и мисиите на меѓународните организации во Република Северна Македонија на кој беа разменети информации за состојбата со коронавирусот COVID-19, соопшти Министерството за надворешни работи.

На брифингот во МНР беа презентирани превентивните мерки согласно насоките и препораките на Владата на Република Северна Македонија во врска со коронавирусот.

Димитров ги информираше странските претставници во земјава за одлуките донесени од Владата, кои важат и за странските државјани кои имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, како и оние кои планираат патување во земјава во наредниот период. Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи останува на располагање како главен контакт за сите странски претставништва во земјава, со цел нивно навремено и точно информирање за новонастанатата ситуација во контекст на COVID-19.

– Ваквите предизвици кои не познаваат граници бараат колективен одговор, покрај нужната размена на информации, искуства и ескпертиза. Kоординирана акција како одговор на глобалната закана од овој вирус ја наметнува и потребата од уште поблиска комуникација меѓу владите на сите земји. Клучниот елемент во тоа заедништво треба да е солидарноста и меѓудржавната соработка, да не ја ставаме и неа во самоизолација. Напротив, помагајќи им на другите, во случајов си помагаме и себеси, истакна Димитров на брифингот со странските диломатски претставници во земјава.

Министерот за здравство Венко Филипче детално брифираше за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19 и нивното лекување, како и за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем со овој вирус.

– Во постојана комуникација и консултација сме со СЗО и во континуитет преземаме мерки за заштита од коронавирусот. Сите капацитети со кои располагаме се ставени на располагање и одлично функционира системот за превенција и контрола за спречување непосакувано ширење на корона вирусот. Имајќи предвид дека досега се преземени сите превентивни мерки од Комисијата за заразни болести, домашните експерти, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, како и постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, како и на Институтот за јавно здравје – можеме слободно да информираме дека вродија со плод и во целост се реализираат сите досегашни мерки, а за одличното справување со оваа ситуација добивме потврда и лично од д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, кој беше во државава само пред неколку дена, посочи на брифингот министерот Филипче.

Информира дека врз основа на стручните препораки на Комисијата за заразни болести и меѓуресорското Координативно тело, денеска се предложени нови дополнителни и зајакнати мерки со цел заштита и превенција на населението.

Дополнителните мерки опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници, концерти, театри, кина, спортски сали, теретани. Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму. Се откажуваат и сите кино проекции, театарски претстави и концерти. Во разговор со сите јавно здравстевни установи, се откажуваат сите хронични пациенти чијашто интервенција може да се одложи, остануваат само итни и неодложни интервенции, а истото важи и за прегледите.

Филипче ги информира странските диломатски претставници во земјава и за состојбата на пациентите заболени од коронавирус, како за тоа дека нема нови случаи на заразени.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ