• Latest

Како Фејсбук и Твитер би можеле да го забрзаат ширењето на коронавирусот

March 12, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Како Фејсбук и Твитер би можеле да го забрзаат ширењето на коронавирусот

Социјалните медиуми би можеле да го поттикнат ширењето на лажни вести за коронавиросут, што би можело да ги попречи напорите на јавните здравствени работници да ја контролираат ситуацијата.

March 12, 2020 20:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалните медиуми би можеле да го поттикнат ширењето на лажни вести за коронавиросут, што би можело да ги попречи напорите на јавните здравствени работници да ја контролираат ситуацијата.

Во напорот на властите за јавно здравје да го сопрат ширењето на коронавирусот во САД, тие ќе се соочат со две главни пречки: ерозија на доверба во медиумите и здравствениот систем и лажни вести.

Од понеделникот утрото, 17,205 луѓе во Кина се имаат заразено со вирусот и најмалку 361 имаат починато, според кинеските здравствени власти. Коронавирусот првпат се појави во кинескиот град Вухан, кој се наоѓа во провинцијата Хубеи.

Центрите за контрола и превенција на болести во четвртокот го потврдија првиот случај на пренесување на коронавирусот од човек на човек во САД, откако сопругот на жената која беше првиот потврден случај во Илиноис заболе од вирусот. Центрите за контрола и превенција на болести во во петокот изјавија дека 241 лица во САД се тестираат за да се утврди дали се заразени со болеста, а извештаите на медиумите посочуваат дека сега има 11 потврдени случаи низ земјата.

‘Платформите за социјални медиуми навистина ќе бидат во позиција да потенцијално одредат дали коронавирусот може да се појави тука’ – Мат Јакоб, консултант за јавно здравје

Во ера на лажни вести, кога лажни информации се шират со брзина на светлината низ социјалните медиуми и кога недовербата во медиумите кои известуваат е широко распространета, властите за јавно здравје во САД би можеле да се соочат со значителни предизвици во зачувувањето на безбедноста на Американците во однос на болеста доколку болеста почне да се шири побрзо.

„Кога во медиумите се појавува закана како потенцијална глобална заразна болест, јавноста се обидува да ја разбере природата на заканата“, рече Адриан Бангертер, професор на Универзитетот Нојшател во Швајцарија. „Доколку довербата е ниска, постои ризик алтернативните објаснувања, како што се теориите на заговор, да ги комплицираат напорите за спречување на ширењето на болеста“.

Веќе се имаат раширено разоткриени теории на заговор и гласини, вклучително на сајтови како Reddit и Weibo. Малезија уапси пет лица за наводно ширење на дезинформации во однос на болеста онлајн.

Шефот за здравство на Фејсбук во една изјава на блог во четвртокот истакна дека платформата е фокусирана на отстранување на потенцијално опасни информации, вклучувајќи објави за лажни лекови како што е пиење не белило против коронавирусот. Ќе се блокираат или ограничат хаштагови кои се користат за ширење на дезинформации на Инстаграм.

(Центрите за контрола и превенција на болести и Министерството за здравство и социјални услуги на САД не ги вратија веднаш барањата за коментар).

Довербата на Американците во владата, медиумите и медицината еродира

Американците имаат помала доверба во некои од нашите најценети институции. Довербата во претседателството, Конгресот, весниците и телевизиските вести се има намалено во изминатите неколку декади, покажува истражувањето од Галуп . Тој тренд не е добар за јавните здравствени работници кои се обидуваат да пренесат витални информации за избувнувањето на болеста.

За време на епидемија, „најдобрите извори на информации ќе бидат владините здравствени работници“, рече Амеш Адалја, виш научник на Универзитетскиот Центар за Здравствена Безбедност Џонс Хопкинс. „Колку помалку обрнуваат внимание на тие власти, толку помалку е веројатно дека ќе ги земат предвид советите“.

Што е уште полошо, довербата на луѓето во давателите на здравствени услуги, исто така, се има намалено. Само 36% од луѓето во САД имаат „голема“ или „прилично голема“ доверба во медицинскиот систем заклучно со 2019 година, најниско ниво од 2014 година и далеку пониско од 1975 година, кога бројката изнесуваше 80%, според Галуп.

„Најдобрите извори на информации ќе бидат владините здравствени работници…колку помалку обрнуваат внимание на тие власти, толку помалку е веројатно дека ќе ги земат предвид советите“ – Амеш Адалја, виш научник на Универзитетскиот Центар за Здравствена Безбедност Џонс Хопкинс

 Друга студија спроведена од страна на Галуп покажа силна корелација помеѓу довербата на луѓето во нивните доктори или сестри и нивната доверба во вакцините.

„Здравствениот систем во оваа земја не е омилен“, рече Мат Јакоб, консултант за здравје со седиште во Вашингтон Д.Ц. „Но, повеќето Американци имаат прилично ограничено знаење за науката и медицината и тоа создава предизвик“.

Една светла точка: една посебна студија од Центарот за истражување Пју сугерира дека Американците гледаат поповолно на Центрите за контрола и превенција на болести отколку на другите владини агенции, иако довербата во владата е на рекордно ниско ниво.

Дезинформациите се шират како шумски пожар кога луѓето се исплашени

Постојат опасни несакани ефекти во однос на лажните информации. Кога почнува фабрикатаа на гласини, јавните здравствени работници наместо да работат на сузбивање на епидемијата мора да ги корегираат гласините.

„За време на Ебола епидемијата во 2014 година, видовме несоодветен страв во САД што предизвика големи нарушувања“, рече Адалја. „Тоа уште повеќе ја отежнува работата, затоа што експертите од јавното здравство трошат повеќе време во негирање на гласини отклоку во справување со проблемот“.

Социјалните медиуми го олеснуваат брзото ширење на лажни вести, теории на заговор и гласини, со што се отежнува работата на јавните здравствени работници. Студија од 2018 година од Институтот за технологија на Масечусетс покажува дека лажните вести имаат 70% поголема веројатност да бидат повторно објавени на Твитер TWTR, -8.77% отклоку вистинските.

‘Платформите за социјални медиуми навистина ќе бидат во позиција да потенцијално одредат дали коронавирусот може да се појави тука’, рече Јакоб. Фејсбик FB, -4.46% и Твитер презедоа чекори да вршат приоритизација на содржина од доверливи извори, по епидемијата со сипаници низ целата земја минатата година, тој истакна. Здравствените власти рекоа дека кампања за дезинформации на социјалните медиуми предводена од движњето против вакцинирање придонесе кон епидемијата.

Како одговор на избувнувањето на коронавирусот, Фексбук ангажира трети страни за проверка на фактите на содржината на платформата, вклучувајќи го Асосиејтед прес и АФП.

„Неколку од нашите партнери за проверка на факти од страна на трети лица низ светот некои содржини ги имаат проценето како лажни, така што драматично ја намалуваме нивната дистрибуција, а луѓето кои ја гледаат оваа содржина, кои се обидуваат да ја споделат, или веќе ја имаат споделено, се предупредени дека истата содржина е лажна“, рече портпаролот на Фејсбук. „Оваа ситуација брзо еволуира и ние ќе продолжиме да соработуваме со глобални и регионални здравствени организации за да обезбедиме поддршка и помош“. (Твитер веднаш не врати барања за коментар)

Во меѓувреме, Reddit, не вклучува конкретна забрана за дезинформации во својата политика на содржини, но вебстраната има додадено банер на својата почетна страница што ги пренасочува корисниците кон одредена нишка со стручни информации за коронавирусот. Понатаму, волонтерските модератори на многуте поткатегории на платформата можат да постават свои правила за тоа каков вид на објави се дозволени.

Коронавирус “поткатегоријата на Reddit” забранува сензационализирани наслови и бара сигурни извори. Поткатегоријата на Reddit, исто така, ги обележува објавите кои се чини дека содржат гласини или информации кои сéуште не се потврдени од страна на официјални извори.

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ