„Прво правило – мора да ги миете вашите раце!“, еден од советите од италијанска бабичка која со ова интересно видео се обидува да ги смири луѓето, да ги советува како можат да се заштитат од КОВИД-19 и за тоа што можете да правите додека сте самоизолација.
https://www.facebook.com/alice.brignani/videos/10158213836884873/
Второ, кога кивате, направете го тоа во вашиот лакт.
„Не поради корона вирусот, туку бидејќи тоа е културниот начин… Некое време не треба да се прегрнувате и бакнувате со луѓето, но можете да намигнувате едни на други.
Да не дискриминираме различни етнички групи поради корона вирусот. Ние сме биле дискриминирани, зошто да бидеме тие што дискриминираат? Велиме ова е по вина на Кинезите, друг проблем вина на Африканците, но да се потсетиме, корона вирусот ќе помине, но, дискриминацијата останува“, додава таа.
Додека сте дома можете да гледате некоја серија, да чистите…
Од некои навики ќе мора да се одвикнеме и не можете да се потпрете на сите информации кои ќе ги прочитате на интернет.
„Слушајте ги лекарите и мене, бидејќи таму каде што не може медицината, може цивилизацијата“, вели таа.












