• Latest

(Вести 23:59) Нови случаи на КОВИД-19, се затвораат граничните премини, утре лидерска средба кај претседателот Пендаровски…

March 16, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(Вести 23:59) Нови случаи на КОВИД-19, се затвораат граничните премини, утре лидерска средба кај претседателот Пендаровски…

Второ издание на Дневникот на ЦИВИЛ МЕДИА, со вести и информации во периодот од 16 до 23 часот.

March 16, 2020 23:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, по состанокот на Советот за безбедност, изјави дека во моментов нема потреба од прогласување на кризна состојба на цела територија на државата, но не се исклучува ни таа опција. Пендаровски не гледа проблем во тоа да се одложат изборите и најави лидерска средба за утре (17 март) на тема одложување на изборите.

*

Мониторинг мисијата на ОДИХР ја откажа својата мисија и за неколку дена и физички ќе се повлече од државата, информира претседателот Пендаровски на прес конференција по состанокот на Советот за безбедност при неговиот Кабинет.

*

Министерот за здравство Венко Филипче ја информира јавноста дека денеска е потврдено присуство на коронавирусот кај пет лица, а уште две лица се дијагностицирани во лабораторија на Клиниката „Жан Митрев“, што дополнително треба да се потврди од Институтот за јавно здравје.

*

Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес.

*

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва апелираше граѓаните да се воздржат од патување во странство. Димитров упати порака и до оние наши државјани кои имаат регулуран статус и престој да останат во државите каде што престојуваат. Приоритет на МНР во моментов се граѓаните кои се заглавени на граничните премини во трети држави.

*

Поглаварите на верските заедници во земјава ги поздравија мерките и чекорите што ги презема Владата во справувањето со коронавирусот во насока на ефикасна заштита на здравјето на граѓаните, е заклучокот од средбата на премиерот Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски со поглаварите на верските заедници во земјава.

*

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ соопшти дека во моментов работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси кои им се на располагање и направиле реорганизација на сите процеси со цел да ги задоволи барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство.

А. Петровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ