Интернет порталот Инфомакс кој инаку е дежурен разглас на ВМРО-ДПМНЕ денеска објави скандалозна содржина која има за цел да создаде паника.
Лажната вест која ја објави порталот се однесува на тоа дека наводно камиони извезуваат македонска пченица во Косово и покрај забраната за извоз.
„По се изгледа дека политките на Владата доживуваат крах како што се развива ситуацијата околу коронавирусот. Видеото кое што може да се види во прилог е снимен во Куманово, а на него може да се забележат голем број на камиони натоварени со македонска пченица. Камионите се со косовски регистарски таблички, а нашите извори велат дека тие ја извезуваат македонската пченица токму во Косово. Неофицијално Инфомакс дознава дека стокови резерви на пченица, Македонија има уште за само 26 дена. Со оглед на тоа што речиси целото соседство забрани извоз на пченица, се поставува прашањето од каде нашата држава ќе увезе суровина за да граѓаните не останат без леб, а доколку пак истата се увезува цените на лебот нагло ќе пораснат“, стои во лажната вест на Инфомакс.
Министерот за економија, Крешник Бектеши остро реагираше на овие лажни вести.
https://www.facebook.com/589265060/posts/10163322656435061/
„Сакам да им порачам на сите вакви медиуми што шират лажни вести дека треба да се засрамат, особено во ваква кризна ситуација во која се наоѓа државата, а е предизвикана од корона вирусот“, напиша Бектеши на својот фејсбук профил.
„Апелирам до сите граѓани дека имаме доволно резерви на пченица и на брашно, а дополнително донесовме одлука за забрана за извоз во други земји. Има контроли и инспекции на терен и нашите граници се осигурани“, напиша Бектеши потсетуваќи дека објавувањето на лажни вести согласно заклучок на Владата се казниви по Закон.
Тој упати апел до медиумите да не објавуваат лажни вести кои предизвикуваат паника кај граѓаните во оваа кризна ситуација.