• Latest

Први мерки за помош на стопанството, промени на договорните услови на кредитите

March 19, 2020
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија

May 19, 2025

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ништо ново во Косово; Економски последици од неконституирањето на косовското собрание; Албанската влада издаде осум препораки за борба против криминалот

May 19, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за градежните зафати во општините?

May 19, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): „Да направат мал чекор да бидеме поблиску до ЕУ“; „Одете си, а попат погледнете ги цените во маркетите“; „Да се возат со јавен превоз и да работат за минимална плата“…

May 19, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор: Chronicle of Current Events)

18 мај — Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ

May 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нечовечки, безобразно и некрофилски се злоупотребува трагедијата во Кочани

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Први мерки за помош на стопанството, промени на договорните услови на кредитите

March 19, 2020 08:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бескаматни кредити за ликвидност на малите и средните фирми, субвенции за придонеси, намалување на камати и парафискални давачки формирање фонд за поддршка на туризмот,  забрана за извоз на брашно, предвидува сетот мерки за поддршка на ликвидноста на стопанството и за заштита на работните места, што го најави вчера владиниот економски тим по анализите со стопанските комори на последиците врз економијата од коронавирусот.

Народната банка разгледува предлог-одлука за методологија за управуваање со кредитен ризик, со која би се влијаело на олеснување на условите за реструктуирање на кредитите на погодените сектори, како и на станбените кредити на граѓаните. Целта е да се олеснат условите за реструктурирање на кредитите на погодените сектори,  односно да се променат договорните услови како намалување на каматната стапка, одобрување грејс период, продолжување на рокот на отплата…

Како што објави вицепремирката за економски прашања Мила царовска, обезбедени се 5,7 милиони евра  преку Развојната банка РСМ за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од корона вирусот. Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од три до 30 илјади евра.  Ќе се субвенционираат и 50 проценти од придонесите за плати за април, мај и јуни во секторите туризам, угостителство, транспорт и погодени компании.Во Фондот што ќе се формира за поддршка на туризмот Министерството за економија ќе пренамени 44 милиони денари, а Агенцијата за промовирање на туризмот ќе го дополни овој фонд со 30 милиони денари. Ќе се побара и од ЗАМП да ги стави во мирување побарувањата кон угостителските објекти во следните шест месеци.

Најпогодените фирми од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации од данок на добивка за април, мај и јуни. Услов е да не исплатиле дивиденда во текот на 2020, односно да не исплатат бонуси и годишни награди и да не го намалат бројот на вработени. За 50 проценти се намалува законски утврдената  затезна камата, како и казнената камата за јавни давачки. Министерството за финансии ќе даде препорака на провајдерите за 50 проценти  да ги намалат и цените за одржување на фискалните каси.

-Државниот Буџет моментно е стабилен, но тоа во услови на намалена економска активност ќе се смени многу бргу, фискалниот простор е ограничен и треба многу претпазливо да управуваме со оваа кризна состојба. Буџетот на Министeрството за здравство има простор успешно да одговори на здравствената криза, оцени вчера министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочувајќи дека се очекува најголемиот шок да биде во вториот квартал, а опоравувањето да започне од третиот и веќе да има стабилизација во четвртиот.

Според гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, макроекономската состојба е стабилна, девизните резерви се на адекватно ниво, а банкарскиот сектор е стабилен, но загрижуваат ризиците насочени кон реалниот сектор  поради што преземаат мерки во рамки на своите законски надлежности.

 

Инфлацијата е на ниво од 0,7 отсто што е пониско од очекувањата, девизните резерви се на ниво од три милијарди евра,  двојно повеќе од нивото во 2008 година и се на адекватно ниво за справување со какви било потенцијални шокови. Не постои никаков ризок, во однос на девизниот курс, тврди гувернерката Ангеловска Бежоска.

Централната банка минатата недела ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,75 отсто, а со цел да се овозможи одржување на кредитниот циклус и да се ублажат ефектите од негативниот шок врз домашната економија, а особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор.

Покрај првично предвидените 5,7 милиони евра за бескаматни кредити за фирми, како што најави Ангеловска, се разговара за обезбедување на уште шест милиони евра, а ќе се користат и средства со интервентните мерки што ги подготвуват Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.  Веќе е побарано од Европската инвестициска банка одобрената кредитна линија од 50 милиони евра што се пласира преку Развојната банка на РСМ да се искористи за дополнително ставање во функција на стопанството како помош на ликвидноста поради состојбата со коронакризата.

 

Претходно, со одлука на Владата беа замрзнати цените на основните продукти:  леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Како резултат на кризата бројни компании се реорганизираат, ги менуваат работните процедури, воведуваат технологија и работа од далечина. Некои компании погодени од мерките за превенција од Владата како што се угостителите воведуваат нови начини на продажба и достава на нивната храна. Проценките на финансиските институции се дека  некои ќе бидат затворени,  некои ќе растат и во време на кризата, а некои со мерките на адаптирање ќе ги минимизираат негативните ефекти и ќе ги премостат ликвидносните проблеми,  со и без кризни мерки.

Домашните стопански комори и транспортни асоцијации изминатиот период побараа мерки за помош на  ликвидноста во работењето.

Претседателот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев, по објавата на економските мерки од влаидниот економски тим изјави дека Владата планира и дополнителни согласно развојот на ситуацијата.Тој побара и воведување вонредна состојба за да може да се спроведат мерките.

– Допрва државата ќе развива економски мерки. Буџетот е ликвиден, државата е стабилна и растоварена од големи долгови и подготвена е да се справи со оваа многу тешка криза. Сите мора да бидеме солидарни, најмногу државата, буџетот, институциите и потоа сите. Ќе трпиме сите и колку порамномерно се распроделува толку полесно ќе се поднесе кризата, рече Заев, посочувајќи деја граѓаните треба да знаат оти последиците ќе бидат големи.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  кредитната линија од 5,7 милиони евра не е доволна и ако нема поголема помош од државата фирмите ќе банкротираат. Во клучните два месеца се очекува негативното влијание на економијата да изнесува 220 милиони евра или месечно да се губат по 110 милиони евра. Потребно е замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија работа е погодена со новонастанатата сосотјба со корона вирусот. Замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за март, како и државата да ги ослободи компаните од торшоците за придонеси за вработените во секторите туризам, угостителство, текстилната, кожарска индустрија и сите погодени со корона вирусот, препорача Мицкоски.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески викендот во изјава за МИА рече дека  македонското стопанство се наоѓа пред најголемиот предизвик досега. Интерните анкети на комората покажале дека состојбата меѓу компаниите е демотивирачка зашто недостасува предвидливоста како клучен фактор за бизнисот, наведе Азески посочувајќи дека во вакви услови треба да бидат избалансирани степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив. Комората вчера уште еднаш апелира недвосмислено да се каже дека со сите средства државата ќе го сочува бизнисот на краток рок.  Останува и на ставот дека се потребни максимални напори на тешко преговарање за да се дојде до најдоброто решение зашто во меѓувреме работите се менуваат од час во час.

– Најдоброто решение во моментов е на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање, државата на краток рок ќе ги сочува бизнисот и компаниите за тие да ја сочуваат неа на среден и долг рок. Втората работа што треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации. Јасно треба да се каже дека ќе се употреби сè за да ја совладаме оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот. Се разбира дека после тоа ќе се седне и повторно со преговори ќе се најде начин да се надомести направената штета. Ова не е работа за која сме ние виновни, но е работа за која сме одговорни. Да ја изведеме со најголем степен на ризик, зашто само така можат последиците да бидат помали, истакнува Комората.

Заради заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби, Стопанската комора за денеска и дутре најави состаноци – на компаниите-најголеми извозници во македонската економија со директорот на Царинската управа, како и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ