• Latest

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): „Да направат мал чекор да бидеме поблиску до ЕУ“; „Одете си, а попат погледнете ги цените во маркетите“; „Да се возат со јавен превоз и да работат за минимална плата“…

May 19, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): „Да направат мал чекор да бидеме поблиску до ЕУ“; „Одете си, а попат погледнете ги цените во маркетите“; „Да се возат со јавен превоз и да работат за минимална плата“…

May 19, 2025 12:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој петок, во утринските часови граѓанките и граѓаните го препознаваат слободниот простор на ЦивилМедиа во „Граѓанскиот форум“ – како завршница на прашањата на денот,  и без задршки имаат можност преку коментари да испратат пораки, искуства но и критики до властите, институциите, политичарите, а според  досегашните одговори, тие тоа го прават на јасно артикулиран начин, со директни пораки и сугестии.

Целта на петочниот Граѓански форум на ЦИВИЛ е да им се обезбеди на граѓанките и граѓаните безбеден  и слободен простор ( каков што впрочем  со години е ЦИВИЛ) во кој тие  ги изразуваат своите грижи, споделуваат искуства и им порачуваат на властите каде можат да се поправат, каде им се грешките, да прашаат за решенија на евентуални горливи проблеми, а во исто време тие пораки и сугестии да бидат јавни, и неподложни на цензура или прикривање.

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ( ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

Што им порачаа граѓанките и граѓаните на властите минатиот петок?

Една од најчестите пораки од граѓаните е оваа власт да си замине, не изостана ниту минатиот петок.

  • Да си одат од власта што побрзо. Да престанат да не шетаат по тавани!
  • По стоти пат. Да си ги земат куферите и да си одат.

Додека си одат, да ги погледнат цените во маркетите, порачуваат граѓаните меѓу другото, истакнувајќи ја јасно економската состојба на земјава, која е на работ на сиромаштија додека власта постојано се фали со нови милиони евра ( позајмени), со кои според нив, ќе се подобри стандардот, а во меѓувреме им укажува на граѓаните што треба а што не треба да јадат за да имаат повеќе пари!

Граѓаните бараат да почне да функционира правниот систем со затворање на корумпираните, бараат да му се даде опција на народот и правци за развој, да не се назадуваат започнатите процеси.

  • Да се освестат и да мислат на иднината на државата- која е во ЕУ, каде има и контроли за кои се свесни, а придобивките се познати.
  • Што побрзо зачленување во ЕУ !!! Само тоа ни е спасот.

Граѓаните јасно порачуваат дека не се слепи, и дека им е јасно зошто се кочи процесот на интеграции во ЕУ – бидејќи со самото членство во европската унија, власта би била под контрола и не би имала одврзани раце во однос на одлуките кои досега се чинат секакви, само не во прилог на граѓаните.

  • Да користат градски превоз, да работат за минимална плата и да се види некој аир од нив,

Гласи една од пораките, со што им се посочува на политичарите дека не се свесни како живеат тие, кои што ги гласале.

Ова се само дел од пораките што граѓаните ги оставија на нашата платформа, на Граѓанскиот форум во изминатиот петок, а кои можете да ги прочитате на следниот линк:

Редакцијата на ЦивилМедиа е отворена за граѓанките и граѓаните не само во петок, туку и секој ден од неделата, да споделат свои пораки, прашања, грижи  и искуства, било во коментари или во пораки, и им заблагодарува за довербата, отвореноста и директниот настап. Ве очекуваме секој ден, а во специјализиран простор – секој петок во Граѓанскиот форум.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

Д. Т.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ