• Latest

Османи: Историска вест од Брисел -консензусот е постигнат, одлуката за преговори ја чекаме на 24 март

March 19, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Историска вест од Брисел -консензусот е постигнат, одлуката за преговори ја чекаме на 24 март

Османи реферираше за европските интеграции и соработката со ЕУ за справување со КОВИД 19

March 19, 2020 10:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес одржа прес конференција во Владата на Република Северна Македонија, на која ги презентираше најновите актуелности поврзани со процесот на европски интеграции на земјата, како и за активностите на Владата во остварувањето на соработка со институциите на ЕУ во справувањето со епидемијата од КОВОД 19.

„Во исклучително сложени услови под кои функционираат институциите на ЕУ, под силен притисок на предизвиците во соочувањето со КОВИД-19, доцна синоќа, телото кое го сочинуваат претставниците на земјите – членки на ЕУ во Брисел, познато како КОРЕПЕР, го усогласија првиот консензус – заклучокот за почеток на преговорите со Република Северна Македонија”, истакна Османи, посочувајќи дека овие заклучоци ќе се најдат на следната седница на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), каде се очекува овие заклучоци да бидат потврдени.

„Ова е важна вест, не само како потврда за нашиот успех, туку и важна вест во овие моменти кога и ние се соочуваме со предизвиците од епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19. Покрај заканата за јавното здравје, оваа епидемија претставува и огромен предизвик за одржување и на пристојна економска активност, и финансиската стабилност на земјата. А како земја кандидат за членство во ЕУ, и еве очигледно наскоро, како земја – преговарач, очекуваме да бидеме дел од пакетот мерки, активности и протоколи, кои во моментот се подготвуваат од страна на Европската Комисија ” истакна Османи, претставувајќи дел од мерките за соработка и помош од ЕУ, за кои Владата со писмо се обрати до Европската Комисија.

Османи во продолжение престави дел од првичните мерки кои во име на Владата со писмо до Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ги претстави на Европската Комисија:

  • Вклучување во Европскиот солидарен фонд за природни непогоди, кој на барање на Европската Комисија ќе биде проширен и за справување со последиците од Ковид -19, а во кој пристап имаат земјите – членки и земјите кои преговараат за членство;
  • таканаречена награда за успешност (Performance award) во износ од 50 милиони евра, која ни беше доделена поради успешна реализација на ИПА средствата, да биде пренаменета во поддршка за справување со предизвиците од епидемијата, наместо за приоритетите за кои првично беше планирана;
  • согласно иницијативата на Европската Комисија, за финансиска поддршка за ликвидност на претпријатијата погодени од епидемијата, побаравме пристап до овие средства и на Банката за поддршка на развојот на Република Северна Македонија, со што би се обезбедиле брзи краткорочни заеми за поддршка на ликвидноста на нашите мали и средби претпријатија;
  • измена и на минималните критериуми  за искористување на фондовите од ИПАРД 2 програмата, во кои сметаме на зголемување на делот што претставува учество на ИПА фондовите, а на сметка на сопствениот капитал на производителите на храна и земјоделците. Само за потсетување, ваквата слична мерка беше применета и за време на кризата со поплавите, кога учеството на ИПА фондовите беше 75%

Покрај учеството во програмите и мерките на Унијата, Османи пренесе дека ќе побара од Европската Комисија, земјава да биде исклучена од рестрикциите на единствениот пазар на ЕУ, а кои се однесуваат на најмногу на медицински материјали и опрема.

На крајот, Османи информираше за одлуката на Норвешка идно да ослободи 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата на УНОПС, средства кои веднаш се ставаат на располагање на Северна Македонија, Србија и Црна Гора, за медицински материјали, препарати и средства.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ